Топ Новости >

Игор Ѓорески Хектор - 10 години од траѓичната смрт кај Блаце

  • Петок, Јан 12 2018


Во спомен на трагично загинатиот армиски пилот, капетан Игор Ѓорески Хектор денеска пред неговата спомен биста во центарот на Гевгелија беше положено свежо цвеќе од претставници на локалната самоуправа, партиски делегации и другарите и пријатели на овој несебичен гевгеличанец.

Постхумно одликуваниот за воен воздухопловен ветаран Капетан Ѓорески, прогласен за паднат борец, а во 2009-та година постхумно стана добитник на највисоката општинска награда „7-ми Ноември“ за животно дело, денеска со цвеќе пред спомен бистата го посетија членови на неговото семејство, неговите другари, делегација од Општинската организација на СДСМ Гевгелија, како и градоначалникот на Општината. Наклон за борецот и почит искажаа присутните со пораката: Вечна ти слава!

Трагичната несреќа на 12 јануари 2008 година се случи со паѓањето на воениот хелихоптер на воздухопловниот ВИН на АРМ, со кој од завршената мисија „Алтеа“ во Босна се враќаа Игор и единаесетчлениот екипаж, а од технички причини истиот падна и се опожари кај месноста Блаце, Кумановско. Сите членови на екипажот загинаа на местото на несреќата.

Централната манифестација на оддавање почит по повод 10 годишнината од погибјето на 12-те мина прогласени паднати борци, се одржа денеска во организација на Министерството за одбрана во присуство на членовите од семејствата на загинатите, во месноста Блаце.


 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.