Топ Новости >

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

  • Петок, Јан 19 2018

 


Дваесет и три годишниот Тодор Цветков од Русе Бугарија е најсреќниот меѓу 40-те мина млади луѓе кои денеска се фрлија во осветените води на реката Вардар кај Гевгелија.

Тој го фати крстот, симболот на Богојавлението по кое се слави денешниот ден Водици.
Неговата мисија со денешниот чин како да поприма меѓународно значење, бидејќи досега учествувал на ваква процесија и во други земји од светот, а му успеало да го фати крстот и во Истамбул, во Турција, и во Москва во Русија.

Среќниот носител на крстот од водите на Вардар до свештените лица кои го дочекаа на мостот го прими благословот, но не и црковните дарови. Негова желба била крстот да го остави на црквата, а средствата што ќе се соберат со неговата посета на сите домови во Општината да се донираат на болно дете, или дете со посебни потреби, а половината од така собраните средства да се наменат на гевгелиските верски објекти.

На настанот му претходеше црковна литургија која се одржа утрово во црквата Св. Кирил и Методиј во присуство на сите 40 мина пријавени фрлачи, а процесијата на осветувањето на водите на Вардар се одржа на мостот во сослужение на четворица гевгелиски свештеници, предводени од отец Марјан Радински.
- „Бог да се јави во сите домиви и да донесе среќа, здравје, мир и љубов за сите нас“, порача отец Радински.

На среќниот фаќач на крстот во Гевгелија Градоначалникот на општината Сашо Поцков му подари лап топ, а од фирмата „Зегин“ му беа врачени телевизор, маици и фротир-бањарка.

Богојавленското празнување во Гевгелија и потопувањето на Светиот крст во водите на реката Вардар го проследеа повеќе илјади граѓани кои со овој чин ги продолжуваат традициите на христијанскиот пазник на осветување на водите во знак на мир и среќа на сите верници и граѓани поклоници на традициите.


 


 

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.