Топ Новости >

Амбасадорката на УНДП и амбасадорката на Јапонија во посета на Гевгелија

  • Петок, Јан 26 2018


Постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, амбасадорката Луиза Винтон и амбасадорката на Јапонија во нашата земја Кеико Ханеда одржаа заедничка прес конференција за медиумите со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Тие заедно го најавија стартот на изградбата на новата Времена депонија за комунален отпад која ќе се гради на локација на Ново Конско. Новата современа комунална депонија ќе се гради на површина од 2 хектари со помош на УНДП и фининаиски средства од јапонски грант кои беа доделени на општините што беа најмногу погодени од бегалската криза, а тоа се Гевгелија и Куманово, каде што постојат транзитни центри за бегалци.



- „Најголемите предизвици беа менаџирањето со отпад и снабдувањето со вода за пиење. Најголемиот финансиски аспект на овој проект е изградбата на ова депонија која што е во согласност со ЕУ стандардите и прва депонија од таков вид во Макеоднија“, изјави амбасадорката на УНДП, Луиза Витон. Влијанието на оваа депонијата ќе ги надмине границите на Општина Гевгелија бидејќи ќе ги убеди луѓето дека депониите не се само ѓубриште туку и места каде се селектира и третира отпадот, додаде Витон.

- „Изведбта на депонијата е последната компонента од овој проект и задоволна сум што со нејзина изградба се започнува денес. Се надевам дека оваа депонија која што е во согласност со ЕУ стандардите и е прва од таков вид, ќе ги подобри животите на жителите одопштината. Ова не е прв проект што го финансира Јапонската Влада со општина Гевгелија. Имаме донирано за изградба на училиште, опрема во болница и сум задоволна што ја продолжуваме соработката“, изјави амбасадорката на Јапонија во Македонија,  Кеико Ханеда.

По изјавата за медиумите во просториите на општина Гевгелија беше изведена стручна презентацијата на проектот за времена депонија, со начините на нејзината функционалност, а тоа е компосирањето, покривка со земја, спречување на разнесување и запалување на отпад, хидро изолираност со глина и синтетички непропустливи материјали.

Амбасадорка на УНДП и Амбасадорката на Јапонија придружувани од градоначалникот Поцков и претставници од локалната самоуправа, денешната работна агенда ја продолжија со посета на Транзитниот центар „Винојуг“ кај македонско - грчката граница, проектната локација за изведна на новата депонија кај Ново Конско на КП 117 во Катастарска Општина Конско, Гевгелија,  како и пумпната станица за вода кај Вардар, која минатата година беше реновирана и опремена со гранд од Јапонската влада.


 

Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.