Топ Новости >

Зеленило и парк на место стариот пазар

  • Вторник, Јан 30 2018


Гевгеличани ќе добијат зелен центар. Новото урбанистичко решение во Нацрт Деталниот урбанистички план за центарот на градот предвидува нов парк наместо досега предвидениот деловно-стамбен комплекс на местото на стариот пазар. Маркицата за продажба на просторот од над 2.000 метри квадратни позади Стопанска банка, на просторот на старото градско пазариште неколку пати беше ставан на јавна електронска лицитација, но истиот не беше продаден. На среќа на граѓаните оваа локална гарнитура во општина Гевгелија по само три месеци од превземањето на ингеренциите, прави ревидирање на ДУП-от за центарот на градот и овој простор ќе прерасне во нова зелена зона во централното градско подрачје.

Овој проект - изградба на нов парк наместо деловно-стамбен комплекс од неколку ката во центарот на градот е една од проектните заложби во предизборието на коалицијата што ја предводеше СДСМ.

На денешната презентација на Нацрт ДУП-от за центарот на Гевгелија урбанистите укажаа на фактот дека во истиот се предвидува проширување на постојните зелени површини, уредување на зелените површини пред зградата на Основниот суд, како и пред другите јавни и трговски објекти во центарот на Гевгелија.

 

 

Во Нацрт-ДУП-от не е предвидена подземна улица, бидејќи поради стариот канализационен систем под улицата „Маршал Тито“ изведбата на еден ваков зафат не е можна. Најголем број забелешки и барања од страна на граѓаните беа ставени на сообраќајниот метеж во градот и паркинг просторот. Особено ако се има предвид заложбата на урбанистите во центарот на градот, чиј опфат изнесува 15,5 хектари, да доминираат зелените површини.

За таа цел, во Општина Гевгелија веќе се подготвува тендер за изработка на Елаборат на сообраќајни решенија и паркирање во централното градско подрачје, кои ќе се бараат надвор од центарот на градот.
Јавната анкета за ДУП-от за центарот на градот ќе трае десет дена, а сите заинтересирани граѓани и правни лица од подрачјето опфатени со Нацрт-ДУП своите забелешки, предлози и мислења можат да ги достават писмено на анкетни листови, кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам на општина Гевгелија и пополнети со свои предлози да ги достават до истата институција.

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.