Топ Новости >

Нови линии на улично осветлување во Гевгелија

  • Петок, Фев 02 2018


Изградена е нова електрична линија за улично осветлување со седум канделабри во должина од 150 метри на улица „Ѓорги Сугарев“ во Гевгелија. Со поставените четириметарски канделабри се обезбеди целосна осветленост на улицата.

Исто така, преку донација обезбедени се штедливи лед светилки „Philips“ кои ќе бидат поставени наместо досегашните 250 ватни светилки кои се протегаат од бензинската пумпа „Шимов“ на влезот во Гевгелија, се' до Мотел „Вардар“. Исти вакви штедливи лед светилки ќе добие и влезот на Прдејци.

Во периодот кој престои од општина Гевгелија најавуваат нови линии на улично осветлување за помали улици и навремено санирање и отстранувањето на дефектите доколку се појават. Дека работите се одвиваат во континуитет зборува фактот што во последните два месеца од ланската година, ноември и декември, извршени се 55 такви интервенции на санација на уличното осветлување.

Работите продолжуваат и во новата планска 2018 на полето на уличното осветлување во градот и населените места низ Општината. 

Тоа го потврдува Буџетот на општина Гевгелија каде во програмата за јавно осветлување предвидена е посебна ставка „Осветлување на улиците“ со вкупно планирани средства од 39.700.000 денари кои ќе бидат наменети за замена на постојните со штедливи - економски светилки и инсталирање на систем за јавно осветлување низ улиците и населените места во општината. Изградбата пак  на јавно осветлување на улици каде што нема систем на осветлување во буџетот за 2018 година зафаќа планирана ставка од 15.200.000 денари.

 


Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.