Топ Новости >

Прес на Поцков: 100 дена Градоначалник на општина Гевгелија

  • Понеделник, Фев 05 2018

 


Градоначалникот на општина Гевгелија избран на последните локални избори одржани во октомври 2017 година, денеска имаше обраќање до медиумите за остварувањата во изминатите 100 дена од практикувањето на локалната власт.

- „Овој првичен период беше период за скенирање на состојбите, поставување здрава основа за идните активности и за вградување на изборните ветувања во развојната програма на општината.
Како што јавноста веќе беше информирана, затекнав доста непожелна состојба во општината: високи долгови, незавршени и погрешно поставени проекти, запоставувани проблеми, недоволно ефикасна јавна администрација. Но, промените веќе започнаа и уверен сум дека граѓаните наскоро ќе ги почувствуваат благодетите од новата политика проектирана да биде во служба на граѓаните и заштита на нивните интереси“, рече Поцков на почетокот од своето обраќање.

Меѓу започнатите проекти беа споменати реновирањето на детската градинка „Цветови“, асфалтирање на улицата „Топлик“, нова линија на улично осветлување на улицата „Ѓорги Сугарев“.

Поцков го најави почетокот на работата на новата Пречистителната станица, како и дека ќе се заврши проектот за Новиот водоснабдителен систем. Веќе отпочнаа градежните работи за уредувањето на излетничкото место Динќут, како и подготвителните работи за новата најсовремена депонија. Најавена е изградба на прифатилиште за бездомни кучиња со донации од Југоисточен плански регион, а со грант од германската КФВ банката ќе се гради нов водоводен и канализационен систем во оние делови од градот и населените места кои се досега беа запоставени во овој поглед.

Повеќе за проектите и инвестиционите најави на општина Гевгелија од видеото.



Најавата за транспарентно, домаќинско и одговорно работење во исполнувањето визија за европска, модерна и зелена Гевгелија, чиста вода и ефикасна локална самоуправа беше повод за новинарски прашања од присутните медиуми.

На прашањето на ГевгелијаНЕТ за третманот на водите од бунарското подрачје кај Моин кој содржи недозволиво висока концентрација на арсен Градоначалникот Поцков одговори дека е во тек изработка на проект за изведба на методологија за чистење на водите од арсен, кој треба да чини 5 до 6.000 евра, а целиот проект за поставување на деарсенификатор на бунарите кај Моин ќе чини 500.000 евра.

Поцков одговараше и на прашања за изградба на нов градски парк, за цената за изградбата на стационар за кучиња скитници, за цената на водата на јавното комунално претпријатие. Се на се, оствари отворена средба со медиумите за каква се залагаше во своите ветувања за транспарентна општина, а реализирал и доста средби со граѓаните во функција на почитување и исполнување на потребите на граѓаните.


 

Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.