Топ Новости >

15 мигранти во Прифатно транзитниот центар Винојуг

  • Петок, Фев 09 2018

 


 

Во Прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ во моментот престојуваат вкупно 15 мигранти. Дел од нив нелегално влегле на територијата на Република Македонија од грчка страна и истите чекаат да бидат вратени назад, а дел се враќаат од Европа кон своите домови.

Според информациите добиени од Гранична полиција на граничниот камен „К-59“ нема мигранти и ситуацијата е мирна.

Според претставникот на УНИЦЕФ, Македонија треба да биде горда како се соочувала со бегалската криза и прифаќањето на транзитните мигранти.

Во тоа свој придонес има и Гевгелија со Прифатниот центар „Винојуг“ во близина на македонско-грчката граница каде во изминатите три години беа згрижени повеќе десетици илјади бегалци.

Од СОС Дестко село велат дека во прифатните центри на Табановце и Гевгелија за три години се згрижени 170.000 бегалци и мигранти. 110.000 биле деца. Со нив работел тим од психолози, педијатри, социјални работници, преведувачи.

Според Извештајот на проектот за интервентна поддршка, први добивале помош децата кои се одвоени од родителите, мајки со деца и бремени жени.

Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ и понатаму егзистира како единствен центар за помош на бегалците на југот од Македонија каде се враќаат мигрантите од западна Европа кон одредиштето од каде пристигнале, со нудење привремена помош до прифаќањето од страна на Грчките служби за миграциони работи.


 

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.