Топ Новости >

Врнежите ги замени ветер со јачина од 16,5 м/сек

  • Среда, Фев 14 2018


Изминативе дожливи денови во Гевгелија наврнати се 57 литри дожд на еден метар квадратен. Поголеми врнежи беа регистрирани во саботата кога во период од 24 часа Метеоролошката станица во Гевгелија измери врнежи од 37 литри на метар квадратен. По неделната пауза, во понеделникот врнежите продолжија со наврнати 19,9 литри дожд на 1м квадратен.

Февруарските темперетури под десетиот степен целзиусов и понатаму ги одржува ветровитото време, со студено струење кое доаѓа од северен правец. Ветровитото време започна утрово во 5:40 часот со почетна сила од 10-тина метри во секунда. Најсилен рафален удар имаше денеска во терминот од 11:56 часот кога беше регистрирана сила на движење на ветрот од 16,5 метри во секунда. Од тогаш наваму брановите на ветровити удари се намалуваат. Во моментот јачината на ветрот изнесува 10 метри во секунда.

- „До вечер очекувањата се ветрот да стивне, бидејќи од час во час покажува дека ја намалува својата јачина“, изјавува дежурниот метеоролог во Метеоролошката станица во Гевгелија Тони Тодоров.


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.