Топ Новости >

Извештајот за работа на Комуналец вратен на ремонт

  • Вторник, Мар 20 2018


Советот на Општина Гевгелија одби да расправа по ненавремено и нецелосно доставените материјали од ЈПКД „Комуналец“ за работењето во 2017 година.
- „Материјалите се доставени доцна до советниците, во вторникот, а во средата се одржаа седници на комисии“ забележа советникот Тихомир Ручкоманов (ЛДП) на десеттата седница на Советот на општина Гевгелија, одржана во четвртокот на 15 март.
Тој реагираше и на несоодветноста на доставените материјали. - „Наместо Квартален извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ кој не е доставен кумулативно за периодот од 01.01. до 31.12.2017 па потоа да се разгледува Завршната сметка на ЈПКД „Комуналец“, нам ни' се нуди извештај за финансиското работење што не е ист документ“, реагираше Ручкоманов.
И трето, посебно нагласи советникот од ЛДП, постои Извештај од републичка Ревизија за работењето на ЈПКД „Комуналец“ за 2016, а има и дел за 2017 година кои не се задоволителни.
Затоа тој предложи до Советот точките 24 и 26 од дневниот ред на 10-та седница на Советот, кои се доставени од „Комуналец“ еден ден пред одржувањето на расправата по нив пред локалните тела на Општината, да бидат симати од дневен ред, да се вратат до предлагачот на доработка, да ги добиеме, рече,  доработени со мислење на Управниот одбор и Надзорниот одбор и да бидат доставени до Советот за наредната седница.

Советниците го изгласаа предлогот на советникот Ручкоманов и точките „Предлог-Извештај за работењето на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија во 2017 година, и „Предлог-Извештај за финансиското работење на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за периодот 01.01.2017г.-31.12.2017 година“ беа симнати од дневниот ред на 10-та редовна седница на Советот.

Минатата 9-та седница Претседателот на Советот Ташко Дојчинов симна шест точки од дневниот ред поради отсуство на излагачи од јавните институции.
На последната 10-та седница и советниците го фатија редот - да одбиваат да расправат за непотполни (без мислење на УО и НО) и ненавремено доставени материјали од локалното комунално претпријатие.

Што крие Ревизорскиот Извештај за „Комуналец“ напишан на 53 страници со број 09-63/6 од 22.12.2017 година и зошто Управниот одбор не се произнел по работата на „Комуналец“ во однос на наодите од Државниот Завод за ревизија на РМ?

За деталите наскоро, а за нестрпливите еве само три од бројните незаконски констатации што ги открил Државниот Завод за ревизија изнесени во првата страница од Извештајот.

 

Државниот Завод за ревизија изразил „неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2016 година, како и активностите, финансиските трансајции и информации рефлектирани во финансиските извештаи“(цитат од Извештајот). Исто така ДЗР изразил „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

До 53-та страница што ли има уште за откривање, а што на Советот на општина Гевгелија не му е приложено, иако Советот на Општината е основач на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија и истото според Статут и Закон за јавни претпријатија „полага“ сметки пред основачот.

После ваков ревизорски извешај и констатирани неправилности и сомнежи во релевантноста на финансиските податоци што ги приложува гевгелиски „Комуналец“, не само Советот, и гевгелиската јавност ќе бара одговори и одговорност за таквото работење кое се коси со законските регулативи и финасиски воспоставени упатства и политики во државата.


Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.