Топ Новости >


Близу 500 Ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ денес со маски ја одржаа манифестацијата на пролетта и шегата „Априлијада“

Многу принцези, буба мари, каубојци и спајдермени прошетаа низ школскиот двор, во детстки џагор и несекојдневни насмевки од задоволство.

Комисија составена од наставници предводена од директорот Михаил Петров имаше тешка задача да ги прогласи најуспешните маски. Групната маска „Зелена салата“ прикажана од третоодделенците под раководство на наставничката Бети Караниколова беше прогласена за најуспешна. Маската „Облачиња“ изведена исто така од третоодделенците кои ги предводи наставничката Ленче Јанчева, беше прогласена за втора најуспешна групна маска. 

Третото место го освои маската „Хирурзи“ што ја носеа учениците од I в одделение (наставник Катица Маркова). 

Специјални награди добија маските „Кока кола“ I б (наставник Митра Попова), и маската „Шарено оро“ направена и претставена од сокласниците од IV б одделение (наставник Лиљана Чурлинова).

Другите забележителни маски добија пофалници и благодарници за својот труд.

Бројната маса од близу 500 уеници под маски придружувани од своите наставници и голем дел заинтересирани родители денеска изведоа и своевидна парада на своите креации, упатувајќи се од дворот на училиштето, преку улицата „Радован Ковачевиќ“, долж улицата „7-ми Ноември“, низ шеталиштето „Маршал Тито“ и беа празник за очи за многуте изненадени минувачи.

Шегата настрана, ова се нашите креативни дечиња, ученици од кои во иднина ќе очекуваме уште успеси и пријатни изненадувања.

Сите маски и сите детски насмевки си имаа посебна улога во овој убав сончев, работно-парадно поминат училишен ден.  

Фото - (Б.К.): Ова е радоста на учениците со првонаградената маска  

 


Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.