Топ Новости >

Дрвореди на Западниот Булевар и сообраќајниците

  • Сабота, Апр 07 2018


230 садници од јавор и костен со поголема развиеност ќе го красат Западниот Булевар во Гевгелија.
Веќе започнаа подготвителните работи со ископ на двете страни од булеварот, каде се засадуваат дрвцата, а паралелно со тоа се поставува и систем капка по капка за одржување и навремено наводнување на истите.
Дрворедот ќе се протега од семафорите на крстосницата со улица „Деко Ковачев“, па се' до станбената населба Караорман.

Освен раззеленувањето, сенката од крошните која ќе биде во корист на пешаците кои се чести рекреативни посетители на овој дел од градот, особено во топлите месеци од годината, дрвјата треба да придонесат и за еколошко подобрување на чистотата на воздухот.

Од општината која е реализатор на овој проект известуваат дека во наредниот период дрвца ќе бидат засадени на другите поголеми сообраќајници со цел да се обезбеди заштита од сонцето во пролетните и летните месеци. Традиционално Гевгелија отсекогаш обилувала со дрвореди, па, оттука и акцијата на општина Гевгелија за нивно обновување е поздравена од граѓаните, велат од општината за впечатоците од првите работни денови на теренот.

Постарите гевгеличани го паметат стариот дрводер долж улицата „Маршал Тито“. Поради староста и плодовите од дрвјата црница кои никој не ги собираше, туку оставаа леплива трага од паднатиот зрел плод, беа исечени. Јапонските цреши насадени на паркот, а сега паркиралиште пред „Стопанска Банка“ се проретчија, или исушија исто како и тие на шеталиштето во центарот на градот.

Јаворите и дивите костени ќе бидат новиот украс на градот долж сообраќаниците каде има простор и услови за нивно засадување и одржување со вграден систем за наводнување.
Гевгелија се раззеленува.

 

 


Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.