Топ Новости >

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

  • Петок, Апр 13 2018


Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија.

Од нив три точки се однесуваат на проектни активности на општината од кои две се одлуки за учество на општината на Вториот повик за прекугранични предлози преку Интеррег-ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020. Првиот е за „Одржлив развој на туризмот преку заеднички интегриран прекуграничен пристап", а вториот за „Зголемување на иновациите и одржливоста во заштитените подрачја".

Советот ќе расправа по Предлог годишниот извештај за минатата, и предлог план за работа за оваа година на Центарот за развој
на Југоисточниот плански регион (во чии рамки територијално припаѓа и општина Гевгелија).

Како посебна, шеста точка на расправа пред советниците ќе биде и Предлог-Годишен план за вработување во општина Гевгелија за 2019 година.

Членовите на највисокиот орган на локалната власт во општината, денеска треба да расправаат и за предлог извештаите за реализација на годишните програми за работа на општината во текот на 2017 година, и тоа од областа на уредувањето на градежно земјиште, изградба, реконструкција и рехабилитација на општинските патишта и улици, извештај за реализација на годишната програма за изработка на урбанистички планови за 2017, на програмата за отуѓување на градежно земјиште во 2017 година. Прв пат на „тапет“ пред советниците се и извештајните материјали за реализација на минатогодишните програми за финансирање на спортските активности и културните програми и проекти од интерес за општината за 2017 година.

Ова своевидно значи советничка „ревизија“ на работењето на минатиот состав на локалната власт која раководеше со општината се' до распишувањето на локалните избори 2017 година, а тоа е речиси 3/4 од календарската и фискална 2017 година.

Советот на општината денеска треба да се изјасни и по однос на девет барањата за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација поднесена од сопствениците, на објект, или парцели во населените места Конско, Хума, Габрово, Негорци и Гевгелија.

Прашањата од областа на работата на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија, вообичаено, се распоредени на крајот од дневниот ред на седницата. Така точките: Предлог-Решение за давање согласност на Предлог-Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија, и точката „Предлог-Решение за давање согласност на Предлог-Годишниот план за вработување на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2019 година, се распоредени како претпоследна и последна, 22 и 23-та по ред.

Како ќе расправа Советот по новопредложените материјали од Комуналец, после вратените и нерасправани материјали од Советот на општината како основач на ова локално јавно претпријатие, и тоа: Извештај за работа за четвртиот квартал за 2017, Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ за 2017 година, Завршната сметка за 2017 и Програмата за работа за 2018 година, останува да го дочекаме крајот на седницата и изјаснувањето на советниците.


 

Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.