Топ Новости >

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

  • Недела, Апр 15 2018


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија, поранешен директор на основно училиште во Миравци.

Одделот има индиции за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ„Климент Охридски“ во село Миравци, гевгелиско, спротивно на колективниот договор за основно образование, како и спротивно на спогодбите меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, и утврдените коефициенти за исплата на плати, и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето да му биде пресметуван, а со тоа и исплатуван надоместок на личен доход како за директор на основно училиште со обем од 17 до 36 паралелки, наместо да му биде пресметуван и исплатуван надоместок на личен доход за директор на основно училиште од мал обем (до 16 паралелки), во кој ранг спаѓало наведеното училиште - изјавуваат од МВР.
На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 162.393 денари на штета на буџетот на Република Македонија.


 

Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.