Топ Новости >

Арсена со Иницијатива за субвенционирање на вода

  • Среда, Јул 06 2016


АРСЕНА со нова иницијатива до Советот на општината - Субвенционирање на здрава вода за сите корисници на градскиот водоводен систем кои речиси четири години се принудени да користат вода со отровниот металоид арсен
Иницијативата е објавена во „Слободен печат“, неделникот „ФОКУС“ на 01.07.2016, а интегралниот текст го добивме за објава  на локалниот портал GevgelijaNet. Во текстот кој е адресиран до членовите на Советот на општината поединечно, до градоначалникот Иван Франгов и до јавното локално комунално претстпријатие стои:

До
- Советот на Општина Гевгелија, Сите советнички групи и советници поединечно: Драги Хаџи Николов, Андон Ќурчиев, Бранко Митров, Борис Хаџиниколов, Елена Ичков, Звонко Бучков, Илија Ашиков, Јованка Костова, Лазар Боев, Марија Јованова, Марија Калиникова, Марија Костадинова, Наташа Минова, Петар Апостолов, Петко Стоилов, Ристо Камов, Сашко Олумчев, Стеван Ѓошев, Томе Ќичуков
- Градоначалникот на Општина Гевгелија - Иван Франгов
- ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија

 

Предмет: ИНИЦИЈАТИВА за субвенционирање на пакувана вода за секое домаќинсто кое користи вода од градскиот водовод

Почитувани,
Согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации граѓаните имаат право да учествуваат во креирањето на локалните политики од значење за животот во локалната средина, а органите на општината согласно Законот за локална самоуправа имаат обврски да водат грижа за комуналните дејности меѓу кои и за водоснабдувањето. Согласно стручниот наод на Јавната здравствена установа „Институт за јавно здравје на РМ“ од 16.05.2014 година во кој е констатирано дека водата од гевгелискиот водовод НЕ Е БЕЗБЕДНА за конзумација од страна на човекот, бидејќи содржи 15,32 микрограми арсен на еден литар вода, и претходниот наод од 24.12.2013 година со исто така зголемено присуство на арсен во гевгелискиоте води од 14,8 микрограми на еден литар, констатираните 17,8 микрограми арсен при анализа на примерок гевгелиска вода во јули 2015 и последниот податок од меѓународно лиценцирана лабораторија која утврди концентрација од 21,3 микрограми на еден литар и непостапувањето на ЈПКД „Комуналец“ за обезбедување нови извори за водоснабдување на корисниците од градскиот водоводен систем чии бунари кај Моин се забранети за употреба со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ од септември 2012 година, Граѓанската иницијатива „АРСЕНА“, заедно со Здружението на граѓани „Патокази“ од Гевгелија Ви доставуваат

И Н И Ц И Ј А Т И В А
за субвенционирање на пакувана вода за секое домаќинсто кое користи вода од градскиот водовод


Член 1

Согласно член 22 точка 4 од Законот за локална самоуправа на РМ, (Сл. Весник бр. 5 од 2002 година), општината е надлежна да се грижи за комуналните дејности, меѓу кои основно е снабдувањето со вода за пиење.
Бидејќи сегашната констатирана НЕИСПРАВНОСТ на водата од градскиот водовод може да ја загрози здравствената безбедност на граѓаните, потребно е да се користи пакувана вода.

Член 2

Трошоците за набавка на пакувана вода се непланирани и со ништо непредизвикани од страна на граѓаните, поради што се предлага усвојување на систем за субвенционирање на пакувана вода за секое домаќинсто кое користи вода од градскиот водовод со средства од општинскиот буџет.
Советот да ја задолжи Комисијата за здравствена безбедност и Комисијата за комунални дејности да предложат прифатлив начин на субвенционирање:
- Со отварање посебни продавници каде пакуваната вода ќе се продава по набавна цена, без оптеретувањето со трошоци за дистрибуција и трговска маржа, која ќе падне на терет на општината;
- Со одвојување на паричен износ од 600 денари за секое семејство, имател на водоводен приклучок кон градската водоводна мрежа, според евиденцијата на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, што ќе биде доволно за набавка на 80 литри вода месечно, како помош на домаќинствата во надминувањето на оваа водена криза која ја наметна присуството на арсенот во градскиот водовод.

Член 3

Иницијативата по своето донесување има рок на важност сè до моментот на обезбедување чиста, здрава и безбедна вода за пиење за граѓаните на општина Гевгелија.


Образложение:
НЕБЕЗБЕДНИОТ карактер на водата од гевгелискиот водовод констатирана од Јавната здравствена установа „Институт за јавно здравје на РМ“ со седиште во Скопје, со наодите од 2013, 2014, 2015 укажуваат на потребата од превентивна здравствена заштита на граѓаните со користење на пакувана вода за пиење. Високата концентрација на арсен утврдена во март 2016 во примерок вода од градскиот водоводен систем во Гевгелија, во меѓународна лиценцирана лабораторија во Солун, Р. Грција покажуваат дека арсенот е сеуште присутен во чешмите што течат кај корисниците од гевгелискиот водоводен систем.
Засега кај трговските понудувачи постојат различни производители на пакувана вода со различни цени. Потребно е поради подолгорочната примена на оваа мерка – користење на пакувана вода за граѓаните, Општината да се погрижи во Гевгелија да биде отворена посебна продавница каде ќе се нуди пакувана вода по набавна – фабричка цена, неоптеретена со трошоци за дистрибуција и трговска маржа, со цел истата да биде достапна до сите граѓани.
Доколку првата мерка бара подолго време на организација и просторно екипирање, да се пристапи кон втората солуција со одвојување на паричен надоместок од 600 денари за секое домаќинство, имател на водоводен приклучок кон градската водоводна мрежа, со цел растеретување на семејните буџети на гевгеличани од наметнатиот трошок за набавка на чиста и безбедна вода за пиење од производители на пакувана вода, а трошоците да се вкалкулираат во општинскиот буџет. Евиденцијата на домаќинствата ќе биде можна од евиденцијата на водокорисници – потрошувачи како физички лица од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.
До рокот на конечно решавање на проблемот со снабдување со чиста и здрава вода за гевгеличани, со копање нови бунари, или набавка на деарсенификатор, според препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство, да биде во важност една од предложените мерки за субвенционирање на граѓаните.

Гевгелија                                                               Граѓанска иницијатива „Арсена“

03.06.2016                                                               ЗГ „ Патокази“ – Гевгелија
Дел. бр. 03-45


Оваa Иницијатива е овозможена со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на Иницијативата е одговорност на Здружението на граѓани „Патокази“ Гевгелија и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе


 

 


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.