Топ Новости >

Нема повеќе пријавување данок на шалтер

  • Четврток, Авг 03 2017

 


 

Управа за јавни прходи започна со подготовка на проектот со кои ќе ги ослободи граѓаните од поднесување на даночни пријави. Од институцијата овој проект го најавија на почетокот на минатиот месец.

Сања Лукаревска, директорка на УЈП, веќе соопшти дека според новините во голема мера ќе се измени и досегашниот начин на пресметка, пријавување и плаќање на персоналниот данок од страна на фирмите, граѓаните и сметководствените бироа.

До 15 март секоја година и граѓаните имаа обврска да го пријават дополнителниот приход до шалтерите на УЈП во хартиена форма или така да го испратат по пошта. Често повеќето тоа го правеа во последен момент, а на шалтерите имаше купишта хартии за обработка.

Во првата фаза на реформите треба да се овозможи фирмите исплатувачи да изготвуваат и да поднесуваат електронска пресметка за исплата на приход и за пресметка на персоналниот данок на доход. Во таа фаза практично и граѓаните односно физичките лица ќе поднесуваат електронска пријава за остварениот приход и за плаќање на данокот на доходот. Според планот секој од нас ќе има можност во текот на целата година да има увид за неговите приходи за кои е платен данокот од фирмите за кои работел. УЈП пак, ќе издава пополнета годишна даночна пријава за остварените приходи, пресметаниот и платениот ПДД за граѓаните.


 

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

Замрзнување на автономниот статус на Каталонија

Најави шпанскиот премиер Мариано Рахој како финале на настаните во Каталонија 

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.