Топ Новости >

Залез на новата ера во Гевгелија

  • Понеделник, Окт 09 2017


Нова ера без атмосфера во Гевгелија.

Десетиците и стотици граѓани на шеталиштето „Маршал Тито“ стеснето од изнајмениот простор за кафулињата, се протегаа едвај до втората маса на првото кафуле од старото корзо во Гевгелија. Да отидеа во Народниот театар во Гевгелија салата ќе останеше полупразна, а балконот, сигурно заклучен за пристап (за да не се раштрка публиката од скалите надоле, па низ врата - надвор, откога со свои очи ќе видат „колку е саатот за ДПМНЕ“).

Митингашите заборавени од своите самофалби, а во недостаток на еуфорична слика, без насмевки, без знамиња, без скандирања, се досетиле да постават две возила за блокада на излезните простори на улицата „Маршал Тито“ кон шеталиштето „Сава Михалјов“ низ улицата „7-ми Ноември“, и по патеката кај најстарата градска фонтана во Гевгелија, момчето со рипката (комбето со ознака „BIG“ и возилото покрено со партиското знаме на дпмне). 

ФОТО: Поглед на залезот на новата ера во Гевгелија на крајот од вечерашниот  митинг на просторот од централното градско шеталиште

Е војводи, е комити, е пропаст македонска. Народот со кој ги полните вашите усти разбра дека го претварате во јатаци на гласовите на апашите, па бега од вас и од казната која ве следува, а тоа е пропаста на локалните избори.

 


Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

Петиција за ОСТАВКА на ДИК

На социјалните мрежи граѓаните започнаа електронска петиција за оставка на сите членови на ДИК

Повеќе

Јавна дебата: Рудници: да или не?

Регионалниот форум на Цивика мобилитес во Струмица во соработка со „Топ Тема“ на Телма,  фокусиран на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници

Повеќе

Притвор за Мукоски и Арнаудов

Двајца во притвор, а четворица во домашен притвор

Повеќе

Паѓаат оставки и нови именувања во училиштата во Гевгелија

Оставки си поднесоа в.д. директорите на ОУ „Крсте Мисирков“, ОУ „Климент Охридски“ од Миравци и Основното Музичко Училиште „Васо Карајанов“, а на нивно место се поставени нови вршители на должноста

Повеќе

Потпишани првите договори за млади земјоделци

Девет апликанти од Гевгелија потпишаа договор со МЗШВ за користење на 10.000 евра неповратни средства за започнување на сопствена агро бизнис

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.