Топ Новости >

Гевгелиската Пошта со нов директор

  • Среда, Ное 29 2017


Со решение од директорот на „Македонски Пошти“ Скопје, Костадин Бозаџиев, долгогодишен вработен во Пошта Гевгелија од 21 ноември е назначен за В.Д. директор на ПТТ Експозитура Гевгелија. Тој доаѓа на местото на Тања Алексова која на оваа функција дојде во 2006 година.

Наместо кафе и смена на кабинетите, Костадин во директорскиот, а Тања во друга работна просторија, распоредена како соработник во секторот за маркетинг, новиот директор побарал официјално примопредавање на функцијата во присуство на сите раководители на сектори во ПТТ Гевгелија со преглед на ставките во пописните листи, евиденционите материјали, правните документи и друг деловоден материјал и опрема со кои располага ППТ Гевгелија. Наши извори велат дека примопредавањето не завршило и оваа недела.

Костадин Бозаџиев е поштенски работник веќе 35 години во Пошта Гевгелија. Овде го остварил своето прво вработување во 1982 година, иако имал завршено Педагошка академија. Работејќи и напредувајќи во сознавањето на поштенските операции и задолженија, во два наврати ја извршувал функцијата директор на ПТТ Гевгелија, во периодот од 1997-1998 и втор пат во периодот од 2002 до 2006 година.

По разрешувањето од функцијата директор во 2006 година бил, несоодветно на своето образование и искуство, распореден на местото контролор, поминувајќи го работниот ден во просторија 2 х 2 метри квадратни со рафтови од сите три страни и пристап само за излез до вратата. Вака беше деветипол години, вели Бозаџиев. И оваа деградација на образован работник со тогаш дведецениско искуство во поштенската дејност, како да не им било доволно на тогашното раководство и остатокот од 11 годишното деградирање го задолжиле да работи дополнително во магацин и да вози достава на пратки со поштенско возило. Бозаџиев ги извршувал одговорно сите доверени задачи. Затоа, деновиве после 11 годишни тортури, сакал на писмено да провери што превзема како надлежност во Пошта Гевгелија.

Пописот на листата за примопредавање на кабинетот, опремата, возилата, магацинот, техниката и другите документирани ствари во Пошта Гевгелија е при крај.

Останува новиот В.Д. директор да ја продолжи работата на една од најстарите јавни дејности во градот, поштенските, кои датираат од послевоените години, со 70 годишна традиција, да ја продолжи работата така посветено како што посветено работел сиве овие 35 години од својот работен стаж.
- "Прва работа на која сакам да се посветам се меѓучовечките односи во претпријатието кое брои 55 вработени. Ги затеков на незавидно ниво. Второ, да ги стопирам непродуктивните трошоци за сервисирање на возила кои се вршеле секој месец во Кавадарци и секој месец возилата се пак во дефект. Можеме да побараме механички услуги и од Гевгелија, наместо да плаќаме за транспорт на технички неисправно возило. Паѓаат во очи и трошоците за одржување на хигиена што ја врши надворешна агенција, кои месечно чинат огромна сума, поголема oд тоа да се ангажира постојано работно лице како хигиеничар“.
Бозаџиев има уште многу што да предложи, но да го оставиме да заврши со пописот, примопредавањето на имотот, документацијата и секторските работи и да започне со новата организациска постава на работите во ПТТ Гевгелија.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.