Топ Новости >

Петиција за ОСТАВКА на ДИК

  • Четврток, Дек 07 2017


На социјалните мрежи граѓаните започнаа електронска петиција за оставка на сите членови на ДИК

Во текстот на Петицијата се вели:

Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) заради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа“ објавени на веб страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: „Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа.“ (http://www.sec.mk/principi-na-rabota-na-dik/

Платата на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари. Во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци и воопшто не ја информирале јавноста за тоа. Амбасадорот на САД го посочи ДИК како пример за корумпирана институција и нетранспарентно работење.
Инфо: Државната изборна комисија има 9 членови (три од владеачкото мнозинство, три од опозицијата и три членови со заеднички договор на позиција и опозиција).

ЧЛЕНОВИ НА ДИК:
АЛЕКСАНДАР ЧИЧАКОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ
РЕЏЕП ПРЕКОПУЦА – ПОТПРЕДСЕДАТЕЛ
АТАНАС УРУМОВ
ВИОЛЕТА ДУМА
ИГОР МИЛЕВ
САШО СРЦЕВ
СИЛВАНА БОНЕВА
Д-Р. СУБХИ ЈАКУПИ
ЕРМИРА АСАНИ САЛИЈА.

Оваа Петиција со потписите ќе биде доставена до Државната изборна комисија. За неколку часа во текот на денешниот ден собрани се 375 потписи.

Ако сакате да се придружите на барањата за оставка, еве Линк до Петицијата.

 


Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.