Топ Новости >

Вечерва нов земјотрес од 3,5 степени почувствуван во Гевгелија

  • Петок, Јан 05 2018


Вечерва во 4 часот 6 минути и 13 секунди со брз звук на тресење на вратите и останатата столарија во домовите, но и нишање на лустерите во кружни движења, беше почуствуван краткотраен земјотрес од 6-7 секунди.
Европскиот макросеизмички Центар го регистрира епицентарот на територија на Република Грција со јачина од 3,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабочина од 5 километри под земјиното тло.
Најблиското место до ударот е местото Дросатион оддалечено североисточно само 7 километри од епицентарот. Источно од ударот на 11 километри е Стар Дојран, а 147 километри југоисточно е Скопје, регистрираат од ЕМЦ.

Ударот е оценет со јачина од трета категорија и со истиот интензитет го почуствуваа и жителите на Богданци, Гевгелија и Валандово, местата Кукуш и Агија Параскева во Грција и сите останати населени места во радиус од 30 километри.
Како земјотрес од втора категорија, во радиус од 80 километри, го почуствуваа и во Петрич и Сандански Бугарија.

Еден од ударите во текот на полноќните часови (3-ти спрема 4-ти јануари)  беше со епицентрално подрачје во Дојранското езеро, повторно со грчка територијалност.

Ова се се' уште потреси како афтер шокови од разместувањето на истата трусна плоча на која лежи Дојран и Дојранското езеро и масивот на Беласица.

 

 


Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

Спротивно на законите и одредбите си ја зголемил платата за повисок ранг

Повеќе

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

Утринава САД, Британија и Франција започнуваат со воздушни напади на Сирија

Повеќе

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Поскапуваат цигарите

Пролетно поскапување на цигарите

Повеќе

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

Владата ја доби довербата од пратениците, а подносителот на интерпелацијата немаше доволен број аргументи за да ги убеди другите пратеници да гласаат за интерпелација

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.