По направениот увид на теренот на дивите депонии кои се простираат во границите на општина Гвегелија, општината започна со расчистување на истите. Во акцијата на расчистување на дивите депонии ќе бидат вклучени надлежните општински служби, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија, но и градежните фирми „Анса“ и „Алфа проект“.
Првично, според направениот план ќе се пристапи кон расчистување на депонијата за градежен шут кај Милци и кај депонијата во близина на Мрзенска река. По расчистувањето на овие две депонии истите ќе бидат заградени и на нив ќе се постават дежурни служби. Овие депонии ќе опстанат како депонии само за градежен шут и во иднина секое лице или градежни компании каи ќе сакаат да фрлат непотребен градежен шут, истото ќе можат да го направат на депониите, но претходно ќе треба да платат одредена комунална такса.
Расчистувањето на депониите ќе се изврши во сите населени места, а по отстранувањето на истите, ќе се одредат локации за депонирање само на градежен шут.
Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско
Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари
Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица
Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица
Светски ден на Планетата Земја
22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената
Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба
Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа
Се асфалтираат улиците во Дојран
Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината
Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите
Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле
Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка
Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти
Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија
Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан
Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ
„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“
Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ
Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)