Денеска вработените од НУ „Музеј“ Гевгелија беа во посета на Дневниот центар на лица со посебни потреби во Гевгелија и донираа новогодишни подароци за штитениците на центарот.
Секој од посетителите на Дневниот центар доби новогодишно украсно и топло шарено ќебенце, овошје и сокови, закуски за децата, прибор за јадење. Добронамерните гости-донатори од гевгелискиот Музеј останаа на заедничка дружба со корисниците на Центарот, а радоста ја споделија со заедничка фотографија за спомен. Зашто, овде во центарот сите добри луѓе се добредојдени и посакувани.
Инаку, оваа посета иако планирана, на истата и претходеше едномесечна доброволна активност на вработенте од Музеј Гевгелија. Тие уште минатиот месец започаа со изработка на новогодишни украси со сопствени материјали, а истите ги продаваа на Хуманитарен базар кој го спроведоа на 3 декември по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Од целата работа, од прибраните средства од реализираниот базар се набавија подароците кои денеска беа донирани на штитениците во Дневниот центар.
Така е тоа кога ќе се заречат уметничките души од НУ „Музеј“ Гевгелија, се’ доведуваат до крај – Речено, сторено!
– „Убави милни искрени насмевки и зборови. Најсреќна да ви биде и оваа година што иде. Вашата среќа е и наша!!!“ – порачаа вработените од Музеј Гевгелија.