Годинава фирмата „РОЛПЛАСТ“ Гевгелија бележи две децении производен растеж како овластен застапник на реномираниот бред со 25 годишна традиција на производство на внатрешна и надворешна столарија со врвен квалитет и современ дизајн „ROLLPLAST Makedonija“ со седиште во Скопје.
Оваа фирма во својот четврт вековен растеж се профилира како еден од водечките производители на врати, прозорци и ролетни во Европа.
Фирмата има производствен погон од 40.000 м2. Нејзиното производство е сертифицирано по меѓународен систем за контрола на квалитет ISO 9001:2008 и систем за контрола на безбедност на информациите ISO 27001:2005.
Во производната палета на производи се застапени:
– ПВЦ прозори и врати
– дрвени прозори и врати
– алуминиумски прозори и врати
– внатрешни ролетни и комарници
– термопани и обработка на стакло и закалување;
– дрвени внатрешни врати;
– гаражни врати
– зимски градини од дрво и алуминиум.

Новиот тренд на градење налага водење грижа и на енергетската ефикасност и користење на прозори и врати кои нудат двојна изолација – и зачувување на топлинската енергија во домот за време на грејната сезона, и спречување на продор на ладниот воздух од надвор. Истиот ефект го имаат и за време на летната сезона: и зачувување на климатски освежениот воздух внатре, и спречување на продор на жешкиот воздух од надвор. За тоа се користи термопан при изработката на прозорите и деловите од стакло на влезните врати кои имаат двојно, или тројно стакло за топлинска изолација.
Погледнете како изгледа производниот погон на „Роллпласт“ и работната организација:
Прозорите кои ги изработува РОЛПЛАСТ се со функции за топлинска и звучна изолација, како и подобра сигурност од обивање и провали, со изработка по системот: „energy save“, „energy save plus“, „саунд комфорт“, „gard“ и „gard plus“.
Постои и програм на лизгачки прозори и врати погодни за тераси и отворени простори за деловни објекти. Лизгањето може да биде хоризонтално (лево, или десно), вертикално, лизгање по тип хармоника, паралелно лизгање.
Стаклените системи се исклучително добро решение при: застаклување на тераси, преградување на големи комерцијални објекти и канцеларии, разделување на водени од суви пространства, преградување на продавници, на бањи и сл. Во овој програм спаѓа и производството и монтажа на оградни и стаклени покриви.

За домаќинките посебно е интересен програмот на завеси кои се модерни, практични со голем број избор на дезени и придаваат елегантност и хармонија во секоја просторија.
Роло завесите се елегантни, стилски, одговараат на трендовите на уредувањето на модерен дом. Тие се со исклучително лесен механизам за управување, се изработуваат од текстилни материјали – 100% полиестер, полиестер и PVC, или од фиберглас. Роло завесите можат да обезбедат како пригушена светлина, така и 100% затемнување. Постојат бесконечен асортиман од дезени, разновидни механизми за управување и многу различни начини на монтажа – плафон, ѕид, или прозорец.

Нов тренд се „Screen“ и „black out“ платната кои со своите карактеристики се репер за стандард во Европа. Овие завеси осигуруваат UV заштита, а исто така овозможуваат светлината да се филтира.
Можете да изберете и вариолај завеси, кои што целосно ги заменуваат пердињата, и се регулира степенот на пропуштање, апсорбција и рефлектирање на сончевата светлина.
Тука се и „плисе завесите“ , венецијанките како заштита од светлина, дрвени венецијанки, римски завеси.

Најново олеснување е што сите движечки понуди можат да бидат регулирани со даљинско, од местото на седење, како за ролетните, гаражните врати, вариолај завесите.
Има уште многу финеси, модерни решенија за кои што ќе Ве упатат доколку го посетите салонот на „РОЛОПЛАСТ АЛДУЗО“ Гевгелија лоциран на ул. „Слободан Митров Данко“ бр.29, или побарајте ги на телефон 071/207-044.
За сите производни решенија, со монтажа ќе ве информира директорот Зоран Несторов. За понудата и широкиот избор на завеси и украсни вариолај решенија со корнизи, најинформативно ќе ве услужи Милица Несторова.
Пролетта е идеално време да размислите за реновирање, со поставување на нова столарија во вашиот дом, за да обезбедите енергетска ефикасност на домот и звучна изолација од модерното време и бучава. Ролпласт ви стои на располагање, и оваа пролет, и лето, и зима. Инвестиција за која никогаш нема да се покаете.
Роллопласт Алдузо Гевгелија Ве ОЧЕКУВА.
Телефон: 071/207-044
