Четвртооддленката Скајлер Киара Цое, ученичка при ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци освои ПРВА награда на литературен конкурс „Читањето е супер моќ“ организиран од издавачката куќа „Арс Ламина”. Во конкуренција од 205 литературни творби, во категоријата од 1 до 5 одд. Скајлер се закити со првата награда.
Нејзин ментор е наставничката Елизабета Јанева, вработена во ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци.
Настанот на доделувањето на наградите се одржа во неделата, 1 јуни во „Ист гејт мол“ во Скопје, на пригоден литературно-музички хепенинг, во присуство на многубројни деца и нивните родители.
На завршниот настан на кампањата „Читањето е супер моќ“, за оваа учебна година, настапија талентираните дечиња од градинките „Весели цветови“ (објект „Кокиче“) и „Срничка“, учениците од ОУ „Љубен Лапе“ (1 одд.) и од ОУ „Браќа Миладиновци“ (2 одд.), како и шампионите во танц – „Денсерс јунајтед“. Настанот, кој беше во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Ист гејт мол“ и „Литература.мк“, заврши со детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка“.

Достигнувањето на вредната ученичка од Негорци е вредно за секоја пофалба со фактот што се натпреварувала со деца-ученици од цела Македонија, во конкуренција на 205 литературни трудови. Напоредно, на истата тема твореа и деца со ликовни афинитети и на овој конкурст беа пристигнати 280 ликовни творби. Учествуваа ученици од прво до деветто одделение, како и од деца од предучилишна возраст.
За најдобрите творби одлучуваше стручно жири.
Вака одлучи жирито:
НАГРАДЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 1-5 ОДД.
1 место – Скајлер Киара Цое (ООУ „Ристо Шуклев“, Негорци, 4 одд. Ментор: Елизабета Јанева)
1 место – Ведран Веселиновски (ООУ „Невена Георгиева Дуња” – Скопје, 4-б одд. Ментор: Зорица Атанасовски)
2 место – Лана Марков (ООУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров, Скопје, 5-б одд.)
2 место – Анѓела Јосифовска (ООУ „Тошо Арсов“, Штип, 5-1 одд. Ментор: Маре Трпчева)
3 место – Теона Стојановска (ООУ „Блаже Конески“, Прилеп, 3-2 одд. Ментор: Наташа Ристеска)
3 место – Јана Стојмирова (ООУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Скопје, 4-а одд. Ментори: Маја Здравковска и Наталија Ралповска).
Скајлер победи ученички и ученици од Скопје, Штип, Прилеп, Ѓорче Петров, општина Аеродром, со моќта на својот пишан збор, иако доаѓа од малото населено место Негорци од Основно училиште „Ристо Шуклев“ во населеното место Негорци.
Меѓу наградените и од литературниот, и од ликовниот конкурст нема други наградени ученици од општина Гевгелија. Затоа, ќе ја прогласиме за литературен првак на Македонија во конкуренција од 1-во до 5-то одделение.
Браво Скарлер, учи и понатаму, твори и победувај!
