И покрај кампањите за родова еднаквост, за препознавање жртви на семејно насилство, за заштита на жртвите, за жал насилниците живеат во нечиј дом и го трпат насилството, се’ додека не се охрабрат да го пријават насилникот.
Млада 29 годишна жителка на општина Валандово го пријавила насилството од својот сопруг и тој завршил во полициски притвор.
На 05.06.2025 година во 23:30 часот во валандовско село полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода О.К.(35) а по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.