Претставниците на ЗГ „Мобилност“ Гевгелија кои од 19 до 22 учествуваат на 37-те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија успееаја да освојат ПЕТ медали, ДВЕ ЗЛАТНИ и ДВЕ СРЕБРЕНИ, за освоено Шампионски места во атлетика и Вицешампионски места во атлетски повеќебој и еден Бронзен за освоено трето место во државна конкуренција.
Носители на Златните медали се:
– Тамара Гошева од Валандово, (Ф46) – во дисциплина атлетски повеќебој, фрлање копје ѓуле и диск категорија жени стоење, и
– Никола ПЕЕВ од Стојаково, (Ф36) – во дисциплина фрлање диск, ѓуле и копје за мажи во стоечка позиција.
Сребрените мадали и Вицешампионските титули ги понесоа:
– Благица Ѓоргиевска од Валандово, (Ф57) – го освои второто место во меѓународен натпревар атлетски повеќебој во категорија жени седење, но во меѓународна конкуренција, заедно со натпреварувачи од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, и
– Александар Талески од Дојран (општа) – во дисциплина атлетски повеќебој го освои второто место во фрлање копје, ѓуле и диск, категорија мажи стоење.

Освојувач на подиум за ТРЕТО место во државна конкуренција е:
– Даниела Гошева Кангов од Гевгелија (Ф57) – во дисциплината атлетски повеќебој, категорија жени, седење.
Освен медалите гевгелиските спортски учесници од „Мобилност“ завзедоа високи позиции во конечните резултати со следните достигнувања:
– Горан Џелајков се пласираше на шестото место во атлетски повеќебој фрлање копје ѓуле и диск категорија мажи седење;
– Илчо Кангов во пинг понг се пласираше на шестото место
– Тамара Гошева – во дисциплината „Стрелаштво CX2 микс“ во меѓународна конкуренција освои четврто место,
– Благица Ѓоргиевска во CX1 микс меѓународнио го освои петтото место,
– Горан Џелајков во дисциплината во CX1 микс меѓународна конкуренција го освои седмото место.

Ова не е изненадувачки резултат за посветените членови на „Мобилност“ Гевгелија на спортот и одржувањето на кондицијата и здравјето. Секоја година учествуваат на Републичнике спортски игри и дома носат медали за успехот. Годинава со новите медали само ја докажуваат спортската спремност и посветеноста да бидат видливи во своите активности и достигнувањата.
Спортскиот настан се одржа во Струга во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, „Мобилност“ Македонија и Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди.
Им честитаме на сите учесници и на победниците!