сабота, 19, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Портите за гостопримство ги отври Планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“ и домаќините од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

јуни 29, 2025
in МОЗАИК, ФОКУС
Tрет инклузивен марш на Кожуф
0
SHARES
317
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во организација на Фондацијата „Ице Бегов“ и ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија денеска се одржа третиот Инклузивен марш на планинарите, лицата со попреченост и членови на фондацијата „Ице Бегов“ која се јавува како иницијатор и организатор на истиот.

На маршот учествуваа над 250-на учесници од Гевгелија, Дојран, Валандово, Стојаково, од Скопје, Велес, Штип и Неготино. Беше посетен планинарскиот дом „Tоме Шутов Кротки“ во подножјето на планината Кожуф, а беше организирана и прошетка по планината низ кратките прилагодени патеки во близина на планинарскиот дом.

Related posts

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025

Ден за дружење, ден за паметење, ден за инклузива, социјални контакти на лицата со попреченост и доказ дека и тие можат да се дружат и уживаат во заедничките моменти.

– „Прекрасен ден поминат во природа, ден каде што инклузијата за момент од збор стана реалност, можност за сите кои сакаа да поминат по инклузивната планинска патека, помогнати од волонтерите на Фондација Ице Бегов, ЗПКС Кожув и личните асистенти“ – изразија задоволство за организираниот настан од ЗГ „Мобилност“ Гевгелија.

Членови на „Мобилност“ со своите лични асистенти под ладовините на ПД „Томе Шутов Кротки“
„Љубов за сите“ – Фото спомен од домаќинот на Планинарскиот дом, ЗПСК „Кожуф“ Гегелија

– „Истиот жар и емоции како и првата година. Заедништвото се случува, не е апстракна именка!“ – коментираат од Центарот „Мајка Тереза“ Гевгелија кои исто така денеска учествуваа на инклузивниот марш заедно со своите штитеници.

Во дворот на планинарскиот дом, под ладовините на Кожуф беа организирани и креативни работилници, игри за забава, пикадо и случно, со цел да се активираат гостите, учесници на инклузивниот марш.

Дланки во сите бои за инклузива

Штитеници од Центарот „Мајка Тереза“ подготвија медали за сите учесници на Третиот инклузивен марш на Кожуф и ги поделија на присутните за спомен и сеќавање на убавиот ден во природа со инклузива. Медалите ги подготвија со помош на ЦНЦ машината донирана пред една година од Фондација ,,Ице Бегов” за потребите на изведба на работни активности на тамиошните посетители на Центарот.

Убав ден, убави спомени, нека траат, нека има и повеќе такви дружења меѓу нас!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

Next Post

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

Next Post
Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Крводарителска акција по повод 17 март –  Денот на крводарителството во Македонија

Крводарителска акција по повод 17 март – Денот на крводарителството во Македонија

2 години ago
Единствениот преживеан од падот на авионот во Индија „Нема поим“ како останал жив

Единствениот преживеан од падот на авионот во Индија „Нема поим“ како останал жив

1 месец ago
Tajванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија со 250 милиони евра инвестиција

Tajванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија со 250 милиони евра инвестиција

2 години ago
Се судриле велосипедисти, тешко повреден богданчанец

Се судриле велосипедисти, тешко повреден богданчанец

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава
  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist