сабота, 19, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ да се помогне на младата 33 годишна мајка Рената од Кочани, која живее со три малолетни деца, а и се заканува ризикот да остане на улица

јули 1, 2025
in MАКЕДОНИЈА
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот
0
SHARES
360
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ова е апел за помош испратен од новинарката Мери Јордановска со желба да се помогне на младата 33 годишна мајка Рената од Кочани, која живее со три малолетни деца, а и се заканува ризикот да остане на улица. Должи за струја и за кирија за социјалниот стан кој го користи семејството, а немаат пари да платат. Сопругот е со дијагноза „карцином“ со загрозено здравје и не може да придонесе за семејството. Се бараат средства од 45.000 денари за Рената со децата да не биде исселена од својот дом, (20.000 за кирија, 25.000 за струја, која сега им е исклучена).

Еве го целиот апел за помош испратен на социјалните мрежи од новинарката Јордановска:

Related posts

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

јули 17, 2025
ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025

„Драги мои пријатели,
Од сите мои досегашни крици за помош, ова е можеби најгласниот. Чудно е како некогаш во обид да спасиш животинче, патеката те носи натаму да направиш сѐ за да им помогнеш на луѓето, кои и покрај сите проблеми, решиле и да спасат друго живо битие.
Во мојот живот сум запознала многу луѓе на кои им треба помош, ама ништо не било толку ургентно како ова, и јас ја преземам сета моја одговорност за ова што ќе ви го кажам и ќе побарам помош.
Станува збор за прекрасно, прекрасно семејство од Кочани со кое во последниве два месеца постојано сме на линија. Станува збор за 33-годишна мајка, Рената од Кочани, која ја има најслатката 6-месечна ќеркичка која постојано ја гледам на видео и изгледа толку среќно и безгрижно, не знаејќи со што се соочуваат нејзините родители.

Сопругот на Рената, роден 1984 година, боледува од карцином, за што приложувам документација од Институтот за патологија од 2024. Тој, и покрај дијагнозата, заминува да работи во Германија за да обезбеди пари за своето семејство, но состојбата рапидно му се влошува. Во моментов, тој е на пат за Кочани со комбе, а потоа директно ќе оди на Клиниката за онкологија, без денар в џеб, бидејќи не му е исплатено ништо за овие месеци.

Во меѓувреме, неговата сопруга Рената и трите ќерки (меѓу кои и 6-месечното девојченце), остануваат без струја во социјалниот стан што го имаат во Кочани со неплатени сметки од над 25.000 денари и опомена пред иселување поради неплатена кирија од 20.000 денари. Оваа мајка се соочува да остане на улица со три малолетни дечиња и многу трошоци за лекување за нејзиниот сопруг што допрво ги чекаат.

Опомена за присилна наплата на долгот за кирија за 8 месеци 20.000 денари

Тие во ниту еден момент не побараа пари од мене, напротив, сѐ што побараа за овие месеци е еден поводник за Луна. Но, запознавајќи ги секој ден сѐ повеќе, јас се понудив. Тие се срамеа, јас не. Оти стојам на ставот дека луѓе кои крвнички се трудат да заработат, а сепак немаат, нема од што да се срамат. Им ги побарав сите неплатени сметки и киријата со ветување дека ќе се потрудиме сите заедно да ги подмириме, и дека јас лично донациите ќе ги платам од мојата сметка кон ЕВН и кон ПО Кочани, со ваша помош.

Мене лично ми е претажно и премногу ме боли кога гледам како пати едно семејство. Нивните најблиски продаваат зеленчук на пазарот во Кочани, стануваат во 1 часот наутро да извршат набавки во Струмица, а потоа од 7 часот веќе се на тезга. Со тие пари успеаја да му го платат превозот на Игорчо вечерва да се враќа од Германија во Македонија за да се лекува.

Дополнително ве замолувам, доколку сакате да донирате за малечката Ј., памперси и кашички, ве молам да ми се обратите. Ним во моментов буквално им треба сѐ!

Секоја донација за да се платат сметките и киријата на ова семејство, за да не остане на улица, можете да ги уплатите на мојата сметка: 210500000664014 NLB, а за секој дониран денар секојдневно ќе известувам, бидејќи јас директно ќе ги уплатам во ЕВН и во АД за изградба и стопанисување со станбен простор.

Знам дека можеме! Ве молам да можеме! Не сакам да се помирам дека ова може да ни се случува, особено не за луѓе кои сериозно се трудат да заработат за својата фамилија.
За секоја дополнителна информација стојам на располагање!“ – напиша Мери Јордановска на својот Фејсбук профил во надеж дека ќе побуди сочувство и акција за помош на ова семејство.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Next Post

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Next Post
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Почина писателката Оливера Николова (1936-2024)

Почина писателката Оливера Николова (1936-2024)

9 месеци ago
Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска

Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска

3 години ago
Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос

Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос

2 години ago
Maкедонските кошаркари јуниори ја декласираа Бугарија  и влегоа во „А дивизија“ на ЕП

Maкедонските кошаркари јуниори ја декласираа Бугарија и влегоа во „А дивизија“ на ЕП

12 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава
  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist