сабота, 19, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Успешна донаторска акција спроведена од добрите луѓе - за неполн ден собрани се доволно средства за мајката со три малолетни деца Рената од Кочани да не остане на улица

јули 2, 2025
in OД НАШ АГОЛ
За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани
0
SHARES
196
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Успешна донаторска акција спроведена од добрите луѓе – за неполн ден собрани се повеќе од 45.000 денари за мајката со три малолетни деца Рената од Кочани да не остане на улица.

Ова е направено благодарение на апелот на новинарката Мери Јордановска која ја објасни тешката состојба за младата мајка со децата поради неплатена кирија за 8 месеци, исклучена струја во станот поради долг за струја и опомена за неплатен долг со закана од напата преку извршител.

Related posts

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“

јуни 24, 2025
Герасим Сарамандов со реакција: „Темата спорт и татко на градоначалникот ви е промашена и губитничка – најдете друга тема!!!“

Герасим Сарамандов со реакција: „Темата спорт и татко на градоначалникот ви е промашена и губитничка – најдете друга тема!!!“

мај 17, 2025

Многу граѓани ја виделе пораката на социјалните мрежи упатиле средства и во текот на вчерашниот ден уплатена е кирија за семејството до декември 2025 година, исплатен е долгот за струја, домот на семејството е повторно приклучено на струја, малку радост од избегнатиот ризик да останат без покрив над глава.

  • „Да можев сите, со име и со презиме, да ве набројам овде – сите што дониравте за семејството од Кочани, ја запаливте струјата во темнината во која живееја и им овозможивте да останат во својот дом – ќе го направев тоа, но голем број од вас кои донираа инсистираа да не бидат објавени јавно. Затоа само ќе кажам – вашите имиња се синоним за големи човечки души полни со емпатија и човечност и зборуваат дека големи луѓе се оние кои всушност живеат за малите, беспомошните“ – напиша од благодарност Мери Јордановска.

Таа сподели фотографија од 6 месечното најмало дете во семејството Јагода, за која се собираа и средства за памперси, кашички и други артикли за да расте здраво и згрижено, без да и’ задава очај на мајката која се соочува со беспарица и болен сопруг со дијагноза карцином.

Сопругот беше на печалба во Германија иако бил свесен за тешката дијагноза, но сакал да обезбеди средства за живот за семејството. Но, канцерот не му дозволил да издржи таму повеќе од три месеци. Итно е вратен во Македонија на лекување и од вчера е пациент на Клиниката за онкологија во Скопје.

– „Ова е 6-месечната Јагода – мала душа која постојано се смее. Вие денеска ја спасивте, да ја задржи насмевката, домот и да си го дочека својот татко“ – напиша на социјалните мрежи Јордановска.

Малата Јагода ќе остане дома

– „Сега, најубавите вести – сметките за струја на семејството од Кочани се подмирени. Киријата е платена, не само долгот, туку до декември 2025 година. Купени се пелени, хигиенски средства, храна, сите најосновни работи за семејството да може да функционира во тешкиот период што следува. Дел од парите ќе им бидат доставени на семејството, а дел ќе ги чувам, за да видиме како ќе тече лекувањето на 40-годишниот Игорчо кој боледува од карцином.

ELS – Eco Logistic Service е спремен за достава, откако утре ќе ги дособерам сите донации, бидејќи денеска во колата (a богами ни во станот) не ги собираше сите.

Редовно ќе ве информирам за судбината на ова семејство и нема да се срамам повторно да побарам помош, ако е потребна. Денеска сфатив дека овие луѓе се срамат од сиромаштијата, како небаре нешто да згрешиле, иако крвнички работат и се трудат да им обезбедат најдобри услови на своите деца. Затоа јас решив да проговорам во нивно име и бескрајно сум ви благодарна што ми верувавте и ме слушнавте“ – вели новинарката Мери Јордановска.

Благодарност на добрите луѓе кои се одзваа на апелот за помош што го проследивме и на страниците на GevgelijNet!

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

ShareTweetShareSend
Previous Post

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Next Post

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Next Post
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Бојана Проданова од Гевгелија добитник на трета награда за литературен конкурс

Бојана Проданова од Гевгелија добитник на трета награда за литературен конкурс

1 година ago
Петти ден гори кај с.Грчиште, над месноста Погана

Петти ден гори кај с.Грчиште, над месноста Погана

2 недели ago
Сончев, пазарен ден во Гевгелија, полупазарен за зонските редари

Сончев, пазарен ден во Гевгелија, полупазарен за зонските редари

1 година ago
Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава
  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist