Една година по трагичните настани од 11.09.2001 година, во еден американски весник се појави кратка белешка, многу едноставна, но неверојатно моќна. Ви пренесувам дел од неа.
Прочитајте внимателно. Ако сте еден од оние луѓе кои често се иритираат од мали нешта во животот… можеби треба да ја прочитате двапати.
Белешката е збир на детали. Навидум безначајни, но прочитани денес, во тишина, тие стануваат нешто повеќе.
Раскажуваше за еден бизнисмен – многу важен човек – кој бил спасен тој ден, затоа што му бил ред да го однесе синот во градинка.
Друг бил спасен затоа што морал да однесе крофни во канцеларијата и тргнал по заобиколен пат за да ги купи.
Една жена, обично точна, пристигнала доцна затоа што нејзиниот аларм не ѕвонел..
Друг бил заглавен во сообраќај на автопатот во Њу Џерси.
Друг го пропуштил автобусот.
Една жена истурила кафе врз себе и морала да си оди дома за да се пресоблече.
Автомобилот не сакал да запали.
Еден татко задоцнил за да одговори на важен телефонски повик.
На едно дете му требало подолго време од вообичаеното да се подготви.
И еден човек едноставно не можел да најде такси.
Во белешката беше и тој.
Човек кој беше спасен затоа што, тоа утро, носел нови чевли – чевли што му предизвикаа плускавец на ногата. Застанал во аптека за да купи фластер.
Таа мала болка, тој мал неочекуван настан…, му го спаси животот.
Затоа беше сè уште жив.

Читањето на сето ова по ред, едно по друго, остава чувство на неизвесност.
Застануваме. Размислуваме. Се прашуваме.
Колку пати се иритираме кога ги забораваме клучевите?
Од црвеното светло во последен момент?
Од телефонскиот повик што нè тера да го пропуштиме автобусот или закажаниот термин?
Колку пати го проколнуваме тоа петминутно доцнење, таа пропуштена врска, тој аларм што не ѕвони?
Живееме во свет што нè учи да брзаме, да не губиме време, да планираме сè. Но, оваа навидум неважна белешка нè потсетува на често заборавената вистина: не сè што ни го троши времето е губење. Понекогаш, тоа е заштита.
Затоа, секој пат кога нешто ќе тргне „наопаку“ во вашиот ден, обидете се да запрете. Дишете.
Можеби тоа доцнење не е случајност.
Можеби тоа заобиколување не е непријатност, туку поголема слика.
Можеби има нешто – или некој – што ве држи подалеку од невидлива опасност.
Не можеме да знаеме.
Но можеме да веруваме.
Затоа што има моменти кога животите се спасуваат не со сила, план, интелигенција или брзина…, туку со неуспех.
И затоа, можеби, треба да научиме да ги благословуваме дури и доцнењата.
Да не се бориме секогаш да бидеме точни, туку да бидеме присутни. Затоа што во тој момент украден од хаосот, можеби има спасение скриено во нас за кое никогаш нема да знаеме дека сме го добиле.
Еден ден, тоа ќе нè натера да сфатиме дека сме биле на вистинското место.
Во вистинско време.
Од причини што само судбината ги знае.
Фејсбук статус на Ф.Ременски