Фудбалска Гевгелија

Четврток, 12 Јули 2018

Со 96 годишно постоење на организиран спортски живот на ФК „Кожуф“ Гевгелија може да се пофали на речиси вековна фудбалска традиција

 

Со 96 годишно опстојување на организиран спортски живот преку постоењето на ФК „Кожуф“, нашиот град Гевгелија може да се пофали на речиси вековна фудбалска традиција.

Ова во контекс на фудбалската треска која деновиве го тресе светот значи дека имаме навивачи, спортски работници, фудбалери и поширока публика која ја разбира и навива за „најважната споредна работа на светот“.

Корените на спортскиот фудбалски клуб „Кожуф“ датираат од 1922 година. ФК „Кожуф“ бил втор по старост регистриран клуб во поранешна Југославија, после ФК „Хајдук“ од Сплит кој бил регистриран во 1914 година. Имало и постари клубови од ФК „Кожуф“, меѓутоа, тие не биле правно регистрирани пред регистрацијата на гевгелискиот фудбалски клуб и поради тоа ФК „Кожуф“ се смета за втор по старост клуб во поранешна Југославија, но сепак најстар организиран спортски фудбалски клуб во нашата држава.

Првата фудбалска топка – кожена крпеница, во ФК „Кожуф“ ја донел Ристо Костов, тогашен играч на првиот тим, откако се вратил од 13-дневниот соколски семинар во Белград, есента во 1922 година.
Првата екипа на ФК „Кожуф“, чија боја на дресот била црвена, била во состав: Тодор Стојчев, Јанко Шопов, Јован Попов, Петар Стојменов, Никола Тодов, Богдан Бојаџиев, Томе Андреев, Ристо Костов, Томе Јосифов, Драги Михајловиќ и Илија Ашиков.

Во почетотот на своето постоење ФК „Кожуф“ имал две игралишта, на две сосема спротивни страни на градот и се користеле во две различни сезони. При дождливо време, а особено зиме и напролет се играло на игралиштето кај касарната, додека во другите две сезони се играло на игралиштето „чаирот“, веднаш зад железничката станица во Гевгелија.

По ослободувањето ФК „Кожуф“ за првпат станува член на Македонската фудбалска лига во 1950 година, каде бележи големи успеси.

По 1970 година клубот повторно се пласира во Прва републичка лига со добра петочлена навала, која постигнувала успеси. Во тогашниот состав на „Кожуф“ биле: Петков-Шеки, Гелебешев (голман), Велков, Узунов, Ангов, Лазаров, Василев, Бојаџиев, Костов, Мачуков и Дојчинов, со тренерот Цветко Трајков. Клубот неколку години играл во Првата републичка лига и секогаш се пласирал во горниот дел на табелата, благодарение на колективната игра и квалитетниот напад, управата на клубот и првокласната тренерска стручност, предводена од Цветко Трајков. По неколку години ФК „Кожуф“ се вратил во Титовелешки потсојуз, како резултат на тоа што најдобрите 3-4 играчи на тимот заминале да настапуваат во сојузните тимови на Југославија.

ФОТО: Златнната постава на гевгелиски „Кожуф“ од 1969 кои ја донесоа екипата во Прва фудбалска лига во 1970 година, со тренерот Цветко Трајков и Петков-Шеки, Гелебешев (голман), Велков, Узунов, Ангов, Лазаров, Василев, Бојаџиев, Костов, Мачуков и Дојчинов. Гевгелија 1969 година, градски стадион. Игралиште полно вода, ама и полно публика.

 

По осамостојувањето на земјата, ФК „Кожуф“ се наоѓа во Втора македонска лига, а од сезоната 1994/95 година ФК „Кожуф“ влегува во Прва македонска лига каде се задржува само една сезона. Сè до сезоната 2001/02 година игра во Втората лига, потоа во Трета македонска лига каде останува неколку сезони. Од овој период до денес клубот наизменично игра во Втора и Трета лига - Југ. Денес ФК „Кожуф“ повторно се враќа на македонската фудбалска сцена.

Last modified on Четврток, 12 Јули 2018 - 18:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.