2 Мај некогаш беше празничен

Четврток, 02 Мај 2019

Второмајскиот празничен ден е придобивка на работниот народ уште од минатиот век. Него го славеше и нашата држава додека беше во состав на СФРЈ (Југославија) и годините по осамостојувањето на Македонија какo суверена држава.
Така беше се' до 2007 кога владата на Никола Груевски донесе измени на Законот за празниците и воведе нови празници, а 2 Мај го симна од листата на празнични денови.

На социјалните мрежи голем дел од граѓаните побараа враќање на овој ден во рамките на празничниот календар.

Во знак на сеќавање од едно прифатено традиционално празнично време со второмајски пикник во природа, Ве потсетуваме со една фотографија од 1960 година, на локација Вардарски рид, на пољанките под багремовите крошни од ладовина.
Семејната радост е видлива од дружењето, од преполнетата пољанка, од кренатите шишиња во знак за наздравување, во детските насмевки, од прегратките додека се пее омилената песна. И така, со скудна трпеза донесена во кошница, или зембиљ од дома, со зелник, погача, сиренце, лукче, кромидче и некое подготвено ќофте од дома се поминувал денот во радост и песна.

1 Мај беше ден на синдикални собири, награди за најтрудољубивите работници кои се истакнале во текот на годината, а 2 Мај беше секогаш резервиран за празнување со седенка и мезење во природа.

Ако Ви фали овој ден, ние само може да Ве потсетиме дека веќе 12 години по ред не го негуваме, туку е работен, а задолжени за враќање во календарот на државни празници се владините институции кои треба да предложат, а Собранието да го усвои таквиот предлог.


Среќен 2 мај работници, некогашни работници, пензионери, стечајци, нови кандидати за вработувње и сите оние кои се сеќаваат на едно скудно, а среќно време, негувано со децении, згаснато пред 12 години, ама не и во спомените.

 

 

Last modified on Четврток, 02 Мај 2019 - 18:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.