Штафета на младоста во Гевгелија

Сабота, 25 Мај 2019

Во времето на Титова Југославија, денешниот ден 25 мај се одбележуваше како Ден на младоста.
Карактеристично за празникот беше Штафетата на младоста која претходно поминуваше низ повеќето градови ширум републиките во состав на СФРЈ носена од илјадници младинци, повеќе од 12.500 која од рака во рака поминуваше траса долга 9.000 километри. Целиот процес на штафетна трка од град до град траеше околу месец и половина.
Во тој период редовно „Штафетата на младоста“ поминуваше и низ Гевгелија. Ја дочекуваа војници, припадници на ЈНА, ја превземаа младинци, уеници и редовно на свечена бина во центарот на Гевгелија се читаше „Поздравно писмо“ со честитки за роденденот и долг живот до Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито.

На фотографијата е Штафетната церемонија од дочекот на Штафетата на младоста во Гевгелија во далечната 1976 година. На бината се претседателот на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија Општинска организација Гевгелија - Ангел Алчинов, до него е Потполковник Чаневиќ Ѓорѓе, Командант на тогашниот Граничен Гарнизон на ЈНА сместен низ караулите и Касарната во Гевгелија, потоа следува војник на отслужување воен рок во Касарна Гевгелија (ја држи Штафетата опкружена со свежо цвеќе) и секретарот на Општинската организација на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија за Гевгелија - Јованка Дојранлиева која го чита поздравното писмо до другарот Тито.

Ден на младите беше празник за време на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), кој се празнуваше од победата над фашизмот 1945 се до 1988 година. Овој празник е поврзан со раѓањето на животот на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првата година се прославува како неговиот роденден, а во 1957 година на негова иницијатива стана ден на младите.

По бројните пораки, писма, желби и потписи од младите, Штафетата на младоста беше предавана лично на другарот Тито на свечена манифестација со слет на кој учествуваа илјадници младинци од сите републики во состав на СФРЈ, на 25 мај на стадионот на ЈНА во Белград.

На 4 мај 1980 година Штафета на младоста беше затечена на пат низ Хрватска од ненадејната вест за смртта на Јосип Броз. Таа година таа требаше да ги испорача желбите и честитките на младите до претседателот за неговиот 88 роденден. Неумолната вест го прекина патот на Штафетата и истата беше положена на одарот на претседателот кое беше изложено во Собранието на СФРЈ.

Во куќата на цвеќињата каде е погребан претседателот на СФРЈ Ј.Б. Тито и денеска стои изложбата од сите штафети кои ги примил од младите во текот на својот живот.

Честит празник младино, на тие кои се сеќавате на овој ден и убавината на тоа време.


Текст и Фото: од архивата на GevgelijaNET

 

Last modified on Сабота, 25 Мај 2019 - 11:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

Запален автомобил предизвика застој пред Смоквица

Пред половина час на автопатот „Пријателство“ на делницата од Смоквица кон

Повеќе

16 медаљи за гевгелиските математичари на „Кенгур без граници 2019“

Меѓународниот натпревар „Кенгур без граници“ кој се одржува во исто време во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.