Се оградува Детската градинка во Миравци

Среда, 19 Јуни 2019

После долго време просторот, двориштето кое е наменето за престој и игра на децата од Детската градинка во Миравци ќе биде оградено во целост. Веќе се поставуваат оградни елементи и 50 метри од оградната линија е веќе завршенa. Работите на терен продолжуваат се' до конечно обликување на оградата која освен физичка пречка за непоканетите посетители на двориштето, (особено во вечерните часови) ќе има и визуелна порака дека се работи за простор за престој на деца. За тоа се погрижија неколку креативци кои предложија на оградните елементи да бидат поставени апликации од цртани јунаци кои ги знаат децата, животни за кои учат, домашни миленичиња кои ги среќаваат во секојдневието.

Жителите на Миравци и вработените кои посветено го одобруваат овој проект изразуваат надеж дека со оградата ќе се спречи несовесниот престој на лица кои оставаат отпад во дворот на градинката и дека нејзината украсна форма ќе ги натера да помислат на децата и потребата од зачувување на чист простор за нивен престој во детската градинка.

Од локалната самоуправа најавено е и асфалтирање на улицата „Климент Огридски“ во Миравци која се протега се' до Детската градинка.


Last modified on Среда, 19 Јуни 2019 - 14:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.