Олдтајмерот од Стојаково стаса до Сибир

Вторник, 09 Јули 2019

Единаесетти ден како трае патувачката авантура на стојачкиот најпознат олд тајмер „Рено 4“ старо 40 години. Веќе измина половина од километарската рута од Стојаково до Пекинг, Кина, а го имаше и првиот сервис на моториката и промена на моторно масло на отворено на патиштата пред рускиот град Омск. Денеска се на територија на далечниот Сибир, во Новосибирск. Тоа е административен центар на Новосибирска област и на Сибирскиот федерален округ. Се наоѓа на Приобското плато, кај долината на река Об. Инаку, Сибир е огромна област во северниот дел на Азија, во состав на Русија и се протега на 11,3 милиони километри квадратни. Таму е веќе мрак.

Од посетата на Москва пред два дена автомобилскиот тандем Џоко и Ѓорги изминаа уште 1.100 километри до Казан и Татарстан, длабоко во територијата на Русија. Продолжија до Челиабинск на некои 700 километри источно, преноќија во мотел покрај автопатот М7 од каде продолжија до Уфа. Веќе ја изминаа и територијата на рускиот град Омск. Сепак, ќе им треба уште седум дена за да ја пропатуваат цела Русија.

Како изгледа сервис на отворено со кратки ракави на руските 12 степени целзиусови и шубара за топла глава од отворените прозори на патувачката „Рено 4“ авантура, погледнете од фото галеријата од Џоко Шуклев и Ѓорги Николов кои несебично ја споделуваат со своите следбеници на социјалните мрежи.

Утре, нашите патувачки јунаци од југот на Македонија ја започнуваат последната 1.000-ка на километри од територијата на Руската федерација. Откако ќе ги извозат илјаднивите километри руска територија во следните 24, до 36 часа треба да стасаат на територијата на Монголија.

Среќно!


Last modified on Вторник, 09 Јули 2019 - 19:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.