Дојрански августовски рекорди на посетеност

Сабота, 03 Август 2019

Августовкиот празничен Илинден вообичаено ги преполнува капацитетите на најужното туристичко летувалиште во државата. Така е и годинава: Преполни плажи, преполни сместувачки капацитети, преполни угостителски објекти, преполно шеталиште покрај брегот на Дојранското езеро.

Иако годинава Дојран може да се пофали со неколкукратна зголеменост на капацитетите од приватните издавачи кои заедно со хотелските сместувачки капацитети прават бројка од над 100.000 легла, сепак побарувачката за сместување продолжува да расте. Причина повеќе за тоа се и транзитните гости од Србија, кои на пропатување на одмор до Грција ги користат еднодневните услуги на сместувачите и угостителите во Дојран и на одење, и на враќање од Грција.
Заедно со имателите на викенд куќи, дневните посетители за разладување во водите на езерото на некои од неговите плажи и туристите кои се овде на летување Дојран деновиве го доживува својот туристички максимум од над 35.000 постители дневно.
Капацитетот на населбата која во текот на годината опстојува со 1.000 постојани жители, во текот на туристичката сезона се оптеретува за 30 пати од вообичаеното. Така синоќа имаше недостиг на вода во горните реони од населбата во Стар Дојран, поради преголема оптеретеност на водоснабдувачкиот систем да ги задоволи потребите на сите присутни гости за миење, туширање, капење... Прекинот траеше од 21 до 23 часот, по што подоцна водоснабдувањето функционираше нормално.

Во текот на деновите, се бара место на плажа со најдобри услови, но гужвите и преголемата посетеност не ги поколебува посетителите да се плажираат на вообичаените места ним познати за уживање покрај езерото, иако непосредно до нив се работи на реновирање на пешачката патека и преуредување на плажите долж крајбрежјето, од потегот кај Елем, Бучим се' до плажата Фук Так.

Ако се уште не сте пошле на одмор, најблиското место за летувалците од регионот е токму Дојран, а според цените исто така најефтино за престој, забава, храна и бесплатно опуштање на песокот покрај езерото.


Last modified on Сабота, 03 Август 2019 - 17:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.