Топ Новости

Незаборав - 18 години од масакарот кај Карпалак

Четврток, 08 Август 2019

Денеска се одбележуваат 18 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители во месноста Карпалак, за време на воениот конфликт во 2001 година.

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак во заседа од страна на терористите на УЧК беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија.

Во нападот загинаа десетте армиски припадници од Прилеп и прилепско Нане Наумоски (48), Сашо Китановски (39), Горан Миновски (29), Ердоган Шабановски (20), Љубе Грујоски (31), Бранко Секулоски (42), Дарко Велјановски (27), Пеце Секуловски (29), Веби Рушитовски (26) и Мирко Деспотовски (27).

Одбележувањето на годишнината од овој трагичен и немил настан започна вчера со оддавање почит на бранителите во прилепската касарна „Мирче Ацев“. Почит на загинатите бранители со панихида и положување им беше оддадена и пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје. Почит им оддадоа претставници на Владата, Министерството за одбрана, од Кабинетот на Претседателот, Собранието, општина Прилеп, семејствата на загинатите, здруженија на бранителите и граѓански организации.

Нека им е вечна слава!


Last modified on Четврток, 08 Август 2019 - 18:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.