Сообраќајна некултура

Понеделник, 16 Септември 2019

Насловната фотографија од веста е снимена денеска во 13 часот пред училиштето „Крсте Мисирков“ во Гевгелија. Автомобили паркирани пред влезна семејна порта, автомобили паркирани попречно од останатите, поставени една половина (1/2) од возилото на улицата, 1/2 на паркинг просторот, на два метра од сообраќајниот знак за пешачки премин и испакнатина на патот со што ја попречува видливоста и известувањето што го упатува сообрачајниот знак кон возачите.
Остатокот од паркингот наспроти училиштето, со слободни 7-8 паркинг места.
Зошто? Зошто сите сакаат да се паркираат што поблизу до влезот на училиштето како да ќе скршат нозе ако поодат уште некој чекор или метро повеќе пат од паркингот до училиштето.
Ова не е само денешна слика, туку секојдневна навика, особено на родителите со мали деца, првачиња, вторачиња.
Сите имаат изговор дека паркираат на само две минути, а чекаат детето да влезе во учулиштето, некои да го однесат до училницата, некои да поразговараат со наставникот ... И, двете минути се продолжуваат, ама ним им изгледаат дека се се' уште само две минути со сообраќаен прекршок од љубов кон своето дете.

Еве показен пример - паркирани автомобили пред знакот за пешачки премин. Пешаците ќе ја преминат улицата од школото до паркингот и каде да се движат од густо паркираните возила? Треба да шетаат „осмици“ од возило преку возило.

Истата состојба се повторува и во 16 и 16:30 кога завршуваат часовите на малите класови, па редица родители со автомобили ги чекаат своите деца со возила пре училиштето.
Ќе речете, општиот проблем на недостаок на паркинг простор во градот е резултат на таквата слика. Но, еве факт е дека паркингот е половично празен оти сите одбираат да паркираат што поблизу до влезот училишната зграда, па макар загрозиле нечиј семеен влез.

Сообраќајните правила и правилното паркирање се дел од сообраќајните прописи на кои треба да се придржува секој возач. Сакајте си ги децата, но не правете ги „капки роса“ како да ќе испарат ако пропешачат неко метро пат повеќе од прописно паркираниот автомобил до влезот на училиштето.

Каде се времињата кога децата сами одеа пеш на училиште и ништо не им фалеше, никое не се изгуби, никое не настрада. Дали ги правиме децата од наш мерак „зависни“ од родителската помош и локационо „дезориентирани“?


Last modified on Понеделник, 16 Септември 2019 - 14:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.