Топ Новости

Слика од Гевгелија која веќе ја нема

Среда, 25 Септември 2019

Најпознатата градба која е одраз на урбаната архитектура на Гевгелија од 19 век, присутна на речиси секоја разгледница од Гевгелија, на сликава е, вообичаено облеана со сонце, но и со потпрена рамка со нанижани низи од свеж тутун оставени за сушење на летното сонце.
Ова е ретка слика на една дамнешна Гевгелија кога поголемиот дел од населението се занимавало и го обезбедувале домашниот буџет со одгледување тутунови насади. Во перидот на берба и воздушното сушење кое трае повеќе месеци, преку летото, пред да се однесе на откуп во тогашниот Тунунски комбинат, кој гевгеличани го викаа „Монопол“, ваквата слика беше присутна во речиси секој двор, низ улиците, дуварите, на сите места изложени на сонце низ градот, каде тутуноодгледувачките семејства го користеле секој простор изложен на сонце за сушење на тутуновите низи.

Ѕидот на денешната градска Библиотека го памети овој наклон на тутуновите низи, го носи мирисот на оваа култура, го чува споменот на тоа време, еве и со овој фото запис од послевоена Гевгелија.

Денеска земјоделските семејства од Гевгелија и гевгелиско не одгледуваат тутун. Оваа култура исчезна од земјоделските површини во општината. Единствениот и најстар тутунски комбинат кој го носеше името на гевгелиската партизанка, првоборец и жртва на фашизмот од Втората Светска Војна, Таља Бикова отиде под стечај. Зградата на Монополот доминира во секоја постара фотографија од Гевгелија во минатиот век, но еве не успеа да ја издржи транзицијата, како и многу други големи стопански комбинати во земјата и регионот. Немањето сигурност на пласманот ги одврати традиционалните одгледувачи на тутун од Гевгелија и околината на понатамошно садење и негување на оваа индустриска култура.

Постарите гевгеличани што биле дел од тоа време ќе ви речат: „Како деца ќе не' разбудеа уште во мракот, во 4 часот сабајле за да одиме на нивата и во 4:30 уште незазорено почнувавме со бербата. Кога ќе блеснеше сонцето со утринската сила нам ни се затвараа очите од што ни' се спиеше. Ама, моравме да береме“.
- „А, зошто толку рано одевте на нива? Зошто не подоцна?“
- „Еее, лето е тоа. Кога ќе блесне сонцето, па ќе ти се залепат лисјата од тутунот на прстите, па ако се фатиш за челото, не дај боже пак очите да ги избришеш, не се издржува од вруќина. Подоцна се враќавме дома и сите во дворот седнуваа да го нижат насобраниот тутун од тој ден“ - раскажува нашиот возрасен соговорник.

Ете, ова е сеќавање за една Гевгелија, со својот живот, навики и секојдневие, кое веќе го нема.


Last modified on Среда, 25 Септември 2019 - 14:17

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.