Есенски крос на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Петок, 27 Септември 2019

Утрово 750 ученици од гевгелиското општинско основно училиште „Крсте Мисирков“ го реализираа „Есенскиот крос“ со пешачење од училиштето до Негорски Бањи Гевгелија.

- „Есенскиот крос е дел од наставната програма на училиштето, предвиден како воннаставна содржина во природа наменета за учениците. Ова е првиот во текот на оваа учебна година, а ќе имаме догодина и пролетен крос повторно со учество на сите ученици и наставници“, изјави за GevgelijaNET директорот на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, Михаил Петров.

На нивниот пат до Негорските Бањи учениците беа придружувани од комплетниот состав на наставници, одделенски наставници, класни раководители, предметни наставници и целокупниот наставен колегиум на училиштето.
Привилегија имаа само 92-те првачиња, како најмали и најкревки да бидат превезени со автобус до Негорските Бањи, се разбира во организација на училиштето.

Кросот, по пристигнувањето на терените на комплексот во Негорци продолжи со спортски, забавни и игровни активности на децата, во колективни игри со топка, јаже и слично.

Исполнетиот ден со природа и свеж воздух под јасеновите сенки на Бањите заврши на пладне кога учениците се враќаа дома, а малите првачиња повторно превезени со автобус назад до училиштето каде беа превземени од родителите. Се' на се', исполнет ден со многу досетки по патот, довикувања, укажувања како се оди групно по улица, како се преминува улица, како се организира и учествува во колективни игри со другарчињата.

До година на пролет, пак исто, со ново искуство и со поубава расцветена пољана на некое друго убаво место во Гевгелија.

 

Last modified on Петок, 27 Септември 2019 - 20:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.