Топ Новости

Семејни радости

Недела, 03 Ноември 2019

Заедничките радости во семејството порано гевгеличани ги споделувале секојдневно. Не требало повод, само некој гостин заеднички да го посети семејството и сите ќе изнесат маси надвор во двор за да ги собере на муабет со дојденецот, да не пропуштат нешто од новините што ги носи гостинот, или роднина на служба во друг град. Децата се секогаш неисклучив дел од декорот на собиранките, кротки нављудувачи и споредни слушатели, но важни за пренесувањњето на традициите на семејните собирања.
Бочви воно, подигнати чаши, жените со прстилки за готвење, ова повеќе личи на подготовка на домашна веселба - снаа се пречекува во семејството, или се испраќа првиот војник од куќата, првиот пораснат маж од големиот фамилијарен столб кој треба да го разгрануваат и другите генерации.

Фотографијата е од 1965 година од семејните собирања на едно познато гевгелиско семејство.

Недела е. Ден за фамилијарни собирања. Посетете некој свој, или поканете на кафе дружење и муабет за старите времиња или новите денови во кои се'повеќе фалат директните контакти на сметка на електорнските комуникации кои станаа распространети. Не е важно што имате дома. И на насловната слика има само една бочва вино, а сите се насмеани. Дружете се заради вас, макар со едно кафе, или чај прикладно на времето, или чаша вода. „Едно видување, еден век“ велат старите.


Last modified on Недела, 03 Ноември 2019 - 16:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Наградната игра Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, во оптек награди од

Скенирајте ги сите сметки, Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, 15

Повеќе

Законска исплата на К-15 за работниците во приватниот сектор до 31 декември

До крајот на 2019 година сите оние што работат во приватни фирми, мора да

Повеќе

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.