Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Дојранска разгледница

Недела, 02 Февруари 2020

Денес е референдумски ден во Дојран.
Но нашата фото разгледница го нема тоа оптеретување, да ги лови со објективот граѓаните кои ја исполнуваат својата граѓанска должност, туку богатството на краиштата кои гравитираат покрај Дојранското езеро, мирот што го шири оваа природна убавина, спокојот на минувачите, лежерноста на посетителите.

Сите си имаат свој начин на впивање на езерото: рибарите задлабочени во трепетот на пловките, галебите внимателни на секое движење под водената шир, езерото заносно се синее, јаворовите дрвја опстојуваат поплавени во надојдените езерски води, трските трепетно шумолат, а знамето гордо се вее на јарболот на влезот од Стар Дојран.

Сончево, тивко, со 17 степени над нулата. 
Величествен ден за уживање и носење мудри граѓански одлуки од граѓаните кои секој ден живеат покрај вода, со поглед на езерото, на дофат на убавината и треба да одлучат како да ја задржат еколошки чиста оваа убавина, а да ги задоволат своите потреби за вода и развојните потреби на регионот прилагодени на туристичката експанзија на посетители и градби на нови туристички капацитети и населби.

Езерото заслужува внимание, и со поглед, и со грижа, и со носење вистински одлуки. 


 

Last modified on Недела, 02 Февруари 2020 - 17:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.