Топ Новости

Топли леи

Среда, 12 Февруари 2020

Индивидуалното одгледување расад на градинарски култури за садење на земјоделски површини беше одлика на семејните домаќинства во средината на минатиот век во Гевгелија.
Домашното производство на сопствен расад се изведуваше во т.н. „топли леи“. Тоа беа добро подготвени и хумусно збогатени земјени подлоги каде се посадуваше семето. За да изр'ти побрзо леите се покриваа со рамки од стакло, или прозирен најлон низ кој можеше да продре светлината. Ако времето е топло и мирно леите преку денот се отвараа на сонце, а преку ноќта беа покривани со рамките направени од стакло, или најлон. Ако е студена ноќта домаќините ги прекриваа со рогозина, черги, стари ќебиња, се' за да не премрзне младиот расад.
Рано на пролет расадот се расејуваше по нивите. Домати, пиперки, лути пиперки, модри патлиџани... сето тоа беше одгледувано од гевгелиските градинари. Некогаш градините беа дел од дворот, а поголемите производители засадуваа и ниви под наем, само за да обезбедат повеќе род и повеќе приходи за семејството.

Подоцна топлите леи ги заменија пластениците. Замислени на истиот принцип да бидат греени од сонцето, но со човечка висина за да може градинарот да работи исправено. Оформените пластеници (или фолии, како што ги нарекува локалното население) остануваат за следната сеидба. Една се користи за расад, па во друга се пресадува разредено пораснатиот расад за да порасне зеленчукот рано пред сите во сезоната.

На фотографијата која потекнува од 50 години од 20 век е отсликана една семејна работна атмосфера пред топлите леи во дворот на Коста Дојранлиев. На фотографијата се неговите деца, Пере Дојранлиев (првиот сервисер на велосипеди во Гевгелија „Дијамант“), мајката Рада и трите сестри на Пере, (Смиља, Благица и Злата), а ги надгледува стрина им Илвана Дојранлиева. За да има мора да се сработи, а за да има плодови за храна мора посевите да бидат успешни и родни.

Така беше некогаш. Денеска процесот на производство на раноградинарски култури прерасна во вистински бизнис во современи оранжерии по гевгелиското поле и во околината, кои работат на системот капка по капка, со природно запрашување, со современи методи на затоплување, со инструменти за следење на температурата, влажноста и други параметри потребни за квалитетен процес на раст и плодоносност на културата.
Пред да настапи технологијата на сцена, знаењата се пренесуваа во кругот на семејството, од едно на друго, од генерација на генерација, бидејќи процесот на производство на храна е вечна потреба за опстојување на човештвото.


Last modified on Среда, 12 Февруари 2020 - 17:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.