Топ Новости

Еколошка акција со децата од „Мајка Тереза“

Среда, 26 Февруари 2020

Продолжуваат акциите за раззеленување и оплеменување на дворот на новиот простор кој децата од Центарот „Мајка Тереза“ го користат за едукативни сензилни работилници и активности на отворено. Акцијашки, со лопати, садници, земја и опрема за садење денеска беа посадени 30 овошки во дворот на работилницата која е дел од просторот на поранешна Касарна.
Во акцијата заедно со децата од Центарот за посебни потреби „Мајка тереза“ и вработените, се приклучи и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Општината го отстапи просторот од поранешна Касарна кое што сега се реновира и адаптира за потребите на посетителите на Центарот. Поради тоа беше направен и увид во внатрешната адаптација и опремувањето на објектот кој треба да ја оправда својата улога - наместо запуштен дел од поранешна Касарна да за живее, (а веќе неколку месеци и активно се работи заедно со децата) во успешна работилница за сензорни активности на посетителите на Центарот.

- „Општината редовно ги поддржува активностите на Центарот „Мајка Тереза“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби, како и на другите слични здруженија и институции. Доделениот напуштен објект кај Касарната е една од можностите како Локална самоуправа да им помогнеме на децата и лицата со посебни потреби, како и на нивните родители“, истакна во оваа прилика градоначалникот Поцков.

Ние ќе им посакаме да им се вкорени и разлиста засаденото и да им се сладат на плодовите од засадените овошни садници.


Last modified on Среда, 26 Февруари 2020 - 20:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.