Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Карта на Македонија во 6-та недела со корона

Четврток, 02 Април 2020

Со 384 случаи на заразени со корона, 30 новозаболени денеска и 17 оздравени Македонија ја живее шестата недела со корона заканата.

Најмногу заболени има во Скопје 195, потоа во Куманово 62 кој го претрка и Дебар каде има 47 случаи и беше првата општина во која Владата прогласи кризна состојба. На такво мислење за прогласување кризна состојба и во Куманово се и членовите на Советот на Општина Куманово со цел да се спречи ширењето на корона вирусот во оваа општина.
Гевгелија од 29 март го регистрираше првиот позитивен случај, а од 1 април вториот случај на заболен со корона вирус во општината и станавме црвена точка на Корона мапата на Македонија.

Досега се направени 4.117 тестови на лица со симптоми на болеста Ковид-19, или на лица кои според епидемиолошката слика имале контакт со претходно заболено лице. Со тоа Македонија предничи во регионот со број на изведени тестови кој во моментот изнесува над 2.000 тестови на еден милион жители. Пред нас во европски рамки е само Словенија со некој број на повеќе изведени тестови на милион жители.

Иако светските искуства зборуваат дека од близу милион заболени (981.221) во светот досега се излечени 204.605 лица, што е 20,85% и тоа во период од три до четири недели, кај нас во државата продолжува да егзистира болничкиот третман за евидентираните болни иако сме во текот на шестата недела од корона епидемијата, со 17 излечени и пуштени на домашно лекување и очекување на втор негативен тест од корона за отпуштање од болница на уште 11 пациенти.

Стапката на смртност во државата со 11 починати лица како последица на корона и понатаму е на ниво од светскиот просек од 2,8%, за разлика од Италија каде денеска стапката порасна до енормни 12,07% смртност од бројот на заболените во земјата, или Шпанија со стапка на смртност од 9,16%.

 

Last modified on Четврток, 02 Април 2020 - 22:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

„Смоквијада 2020“ - пет наградени екипи подготвија највкусно слатко од смокви

Најслатката манифестацја која ја одбележува Гевгелија - натпреварот во варење

Повеќе

Гевгелиските детски градинки ќе згрижат 440 деца со отварањето на 9 септември

Јавната општинска установа на детски градинки „Детска радост“ во Гевгелија во

Повеќе

ОКШ воведува засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона

Новиот корона бран во Гевгелија и актуелните 17 позитивни на територијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.