Честит и вековит Илинден и Св. Илија пророкот

Недела, 02 Август 2020

Ден голем, државен празник, двоен Илинден, но голем дел од македонската популација, па и гевгеличани го чествуваат и одбележуваат и верскиот празник Свети Илија.

Пророкот Свети Илија завзема значајна улога во религиите на христијаните и Евреите, а се спомнува и во Куранот.

Свети Илија и Мојсеј се јавиле на Исус Христос на денот на Воскреснувањето. За последен пат Свети Илија се споменува од страна на Исус Христос на крстот, кога оние пред крстот сметале дека го вика Илија на помош.

Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.

Денеска во знак на денот кога се чествува името и дејноста на овој пророк, светец, Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера, во црковните храмови низ земјава кои го носат неговото име, па и во црквите во Гевгелија беа посетувани и дарувани неговите икони кои беа изложени во централниот форум на црковниот свод.

Се палеа свеќи за здравје, се палеа свеќи за помен на упкоените.

„Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли“ - стои во запишно во религиските книги.

Да ни' е на помош денот, Свети Илија и утрешниот неработен ден во чест на револуционерните искри кои ги просеал овој светец со пламен карактер кај борците од нашето историско минато кои ги запечатија со Илинденските чествувања кои 1903 и 1944 (Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ).

Сречен празник и честит именден на сите славеници кои го носат името на овој светец и светол ден од македонската историја.


Last modified on Недела, 02 Август 2020 - 23:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.