Во кругот на големото двориште со борова шумичка во поранешниот објект на гевгелиската Касарна стои споменик на стреланите граѓани од нашиот крај за време на Втората светска Војна која не ги заобиколи ниту овие простори на Македонија. Сведоштво за извршителот на ѕверскиот чин - бугарскиот фашистички окупатор, е исклесан на камената плоча од спомен постаментот. На неа пишува:
Во оваа месност, бугарскиот фашистички окупатор во декември 1943 и јануари 1944 година ги стрела патриотите од селата Конско и Негорци:
1. Ѓорѓиева Јордана од с. Конско
2. Деков Илија - Конско
3. Шаренков Димитар - Конско
4. Бојмалиев Ристо - Негорци
5. Димов (Велов) Ѓорги - Негорци
6. Карпузов Борис - Титов Велес
7. Шуклев Ристо - Негорци
Споменикот е подигнат 1973 година од Општинскиот одбор на Сојузот на здруженијата на борците од Народно ослободителната борба од Гевгелија.
Ако бугарите забораваат новите поколенија на овие наши сограѓани не забораваат. Минатата година дел од нив учествуваат во граѓанска акција за чистење на кругот на Касарната. Посебно внимание посветија на ова споменично обележје, со обнова на бојата на исклесаните имиња на стреланите од овој крај.
Вечна и слава и незаборав!
Гевгелија ги памети своите херои и жртви од НОБ. Ова во прилог на најновата бугарска политика и намери, пред почетокот на преговорите на Македонија за влез во ЕУ, да ја преправат својата улога во Втората Светска Војна како „ослободители“ на овие простори кои ги нарекуваат „бугарска територија“.
Гевгелија памети!
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-19-29/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE/5380-gevgelija-pameti.html#sigProGalleria960187d09e
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен