Три дена „старата“ Роза е првото новороденче во 2021 која дојде на свет на 2 јануари во 11:30 часот во Гинеколошкото одделение при Општа Болница Гевгелија.
Радоста за новиот жител на општина Дојран, родена од мајката Катерина Стамова (24 год.) од село Николиќ, дојранско, ја искажа и градоначалникот на општината Анго Ангов кој ги посети и новороденчето и среќната мајка.
При тоа тој им додели вредносен ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци за бебенцето.
- „На малата Роза и на нејзиното семејство им посакуваме добро здравје, радост и среќа. Се надеваме дека во 2021ва година ќе имаме повеќе убави настани на кои заедно ќе се радуваме“ изјави градоначалникот Ангов.
Среќната вест за првороденото бебе во општа Болнца Гевгелија ја поздравија илјадници граѓани на социјалните мрежи, а тимот на гинеколошкото одделение кое е заслужен за здравиот пород исто така и' честиташе на мајката со групна фотографија за најновиот член на нашата заедница.
Роза за некој ден заминува дома каде ја чека среќното семејство и нејзиниот постар брат, роден исто така во Општа болница Гевгелија во 2014 година.
Им посакуваме добро здравје и среќа на мајката и бебенцето и семејна радост за сите во семејството.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-19-29/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE/5854-prvoto-novorodence-dobi-vaucer.html#sigProGalleria27285c4021
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите