Три дена после доаѓањето на свет на најновиот жител на Гевгелија денеска тоа здраво машко бебенце и неговата мајка добија честитки од Општина Гевгелија.
Првата посета на најновиот гевгелиски жителја обави градоначалникот испорачувајки им честитки на мајката родилка Ивана Чабулева (30 годишна) со желби за добро здравје и среќа во животот.
Заедно со честитките првиот гевгелиски жител роден во Новата 2021 доби и вредносен ваучер од 10.000 денари и пригодни порадоци од Општина Гевгелија, како дар за успешен старт во животот во новата година која сите посакуваме да биде поуспешна и поблагородна од претходната.
- "Се гордееме со нашиот нов жител на општината и се надеваме дека годината ќе ни биде здрава, плодна и успешна“ истакна градоначалникот Поцков.
Посетата ја проследија и директорот на Општа Болница Гевгелија д-р Митко Крџев и тимот во Гинеколошко-акушерското Одделение при ОБ Гевгелија кое годинава е екипирано со лекарски и медицински персонал за успешен старт на родилната година во гевгелиската болница.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-19-29/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE/5864-vrednosen-vaucer-i-podaroci-za-najnoviot-gevgeliski-zitel.html#sigProGalleria7234b31846
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите