Gevgelijanet - Спомен за Маршалот
Топ Новости >

{flike}


На денешен ден во 88-та година од животот почина Јосип Броз Тито, претседател на КПЈ, Претседател на Југославија, предводник на Народоноослободителната борба против фашизмот за врема на Втората Светска Војна, творецот на третиот свет на Неврзаните земји и доживотен претседател на СФРЈ.

Тогашното Претседателство на СФРЈ што ги превзеде фунциите на Претседателот, прогласи седумдневна народна жалост.

На погребот присуствуваа најголем број државници, кои со своето проследување на погребната церемонија за Маршалот, му оддадоа висока почит за неговиот придонес во севкупната меѓународна политика и мир. Голем дел од потписите на тогашните државници со последен поздрав до Тито во Книгата на жалоста, минатата 2017 година претставувале мета на крадци и аукциска заработка од пасионирани колекционери на историски веродостојни документи за тоа време и вредностите на Јосип Броз во очите на светските државници.

Фото: Ковчегот со Тито поминува пред делегацијата светски државници кои присуствуваа на последното испраќање на Маршалот на Југославија, Јосип Броз

Тито е погребан во Куќата на цвеќето на Дедиње, Београд. Овде секојдневно доаѓаат подржувачи на неговото дело, делегации од сите некогашни републики на Југославија, поранешни борци, пензионери, младинци, а сега е веќе историска музејска атракција и спомен на едно време на напредок и развој после победата на светскиот фашистички терор.

Во знак на почит, долги години, се до распадот на Југославија, точно во 15 часот и 15 минути, кога официјално беше прогласена смртта на Тито, во градовите ширум Југославија свиреа алармните сирени во знак на жалост и една минута замираше движењето на пешаците и возилата по улиците и тротоарите. 

Вечна слава великану.

ФОТО: Надгробната плоча со напис ТИТО 1892 - 1980, а се' друго е кажано во историските анали на НОБ и послевоена Југославија

 


Заборавена слива

Плодовите на едно детство во минатиот век речиси невидливи во урбана Гевгелија

Повеќе

Невестинска прика

Свадбарски обичаи во гевгелиско - дел од македонската народна традиција

Повеќе

Гевгелиски мурал

Најстариот и најпознатиот гевгелиски мурал, изработен 1959 година, денеска оставен на забот на времето

Повеќе

Саботна прослава во Гевгелија

Фото галерија од синоќешната прослава во Гевгелија по повод врачените покани за влез во НАТО и Европската унија

Повеќе

Фудбалска Гевгелија

Со 96 годишно постоење на организиран спортски живот на ФК „Кожуф“ Гевгелија може да се пофали на речиси вековна фудбалска традиција

Повеќе

На плажа со „Југопластика“

Реквизитите за плажа некогаш беа со знакот на „Југопластика“ од Сплит, а дружењето неизоставно од годишноодморската групна слика за спомен

Повеќе

Првиот асфалт во Гевгелија

Пред шест децении во Гевгелија била асфалтирана првата улица „Борис Кидрич“

Повеќе

Плажа на Вардар

Гевгеличани на времето си се разладуваа во водите на Вардар, на плажата веднаш под мостот на тогашниот автопат Е-75

Повеќе

Испраќање во војска

Гевгелиската железничка станица со војници и регрути кои одат на отслужување на воен рок, во времето од 50-те години на минатиот век 

Повеќе

Вратоврска на пријателство

Заев ја подари вратоврската на својот колега Ципрас

Повеќе


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.