Gevgelijanet - Шарено оро во Гевгелија
Топ Новости >

Шарено оро во Гевгелија

  • Понеделник, Мај 07 2018

{flike}


Фото сеќавање на едно дамнешно време кога традициите беа дел од животот и беа споделувани низ улиците на Гевгелија.

Фотографскиот запис е од почетокот на втората половина на минатиот век и прикажува група на весели луѓе фатени за рака како играат „Шарено оро“ низ улицата „Маршал Тито“ во Гевгелија. Орото се игра понеделнички, на еден ден после неделната свадба, кога роднините на невестата се собираат и преправени, измачкани по лицето, со туѓи алишта, забрадени со шамии одат на гости кај новото семејство на невестата. Со песни, музика и оро најпрво поминуваат до домовите на нејзините роднини и земаат кокошки и други јадења и подароци кои ги носат во новиот дом на младенците. Од донесеното невестата треба да им зготви ручек и да покаже дека е спремна домаќинка.

Ваквата традиција, бучното и весело „Шарено оро“, собирала многу љубопитни погледи од соседните дворови, низ улиците и многу насмевки измамени од веселата шарена дружина на орото.

Со свирки и тапани се седело доцна во ноќта, оти да не ги бие глас за лош домаќинлук и новите сватови, свекорот и свекрвата се потрудувале да изнесат што повеќе јадење и пиење на роднините на штотуку донесената невеста во домот.

Месец мај е периодот на венчавки, па да се потсетиме на подзаборавените традиции. Музика и ора низ улици веќе нема понеделнички.


Заборавена слива

Плодовите на едно детство во минатиот век речиси невидливи во урбана Гевгелија

Повеќе

Невестинска прика

Свадбарски обичаи во гевгелиско - дел од македонската народна традиција

Повеќе

Гевгелиски мурал

Најстариот и најпознатиот гевгелиски мурал, изработен 1959 година, денеска оставен на забот на времето

Повеќе

Саботна прослава во Гевгелија

Фото галерија од синоќешната прослава во Гевгелија по повод врачените покани за влез во НАТО и Европската унија

Повеќе

Фудбалска Гевгелија

Со 96 годишно постоење на организиран спортски живот на ФК „Кожуф“ Гевгелија може да се пофали на речиси вековна фудбалска традиција

Повеќе

На плажа со „Југопластика“

Реквизитите за плажа некогаш беа со знакот на „Југопластика“ од Сплит, а дружењето неизоставно од годишноодморската групна слика за спомен

Повеќе

Првиот асфалт во Гевгелија

Пред шест децении во Гевгелија била асфалтирана првата улица „Борис Кидрич“

Повеќе

Плажа на Вардар

Гевгеличани на времето си се разладуваа во водите на Вардар, на плажата веднаш под мостот на тогашниот автопат Е-75

Повеќе

Испраќање во војска

Гевгелиската железничка станица со војници и регрути кои одат на отслужување на воен рок, во времето од 50-те години на минатиот век 

Повеќе

Вратоврска на пријателство

Заев ја подари вратоврската на својот колега Ципрас

Повеќе


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.